Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ова не е приказна за наочарите на Груевски

0
By Биљана Секуловска on July 25, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 25, 2015 11:37

Се започнува во 1982 година. Тогаш Мона Салин станува најмладата пратеничка во историјата на шведскиот Парламент. Оттогаш, како што станува миленичка (Aмериканците имаат подобар израз- sweetheart) во својата матична партија Социјал-демократската, така растат и нејзините политички апетити: 1990 година станува министерка за вработување, следува пауза откако Партијата ја губи властa, повторно се враќа како министерка, во 1994, овој пат за родова еднаквост, но и паралелно станува заменичка на премиерот Ингвар Карлсон.

Но, доаѓа 1995 година. Земјата во неа гледа политички наследник на Карлсон, единствената можна опција за Партијата, откако тој ја најавува својата намера да даде оставка.
Таа година амбициозната Мона Салин ја прави најголемата грешка во животот. Влегува во продавница и купува едно чоколадо- Тоблероне. Со тој потег, Мона Салин си ја потпишува посмртницата, претходно напишана со нејзината граблива рака (подолу е сумата на проневерувањето народни пари), позната во јавноста како “афера Тоблероне”.

Проклетото чоколадо е купено со кредитна картичка која и е дадена од Владата, но исклучиво за службени цели. Чинот на расфрлање со народни пари за една Влада, која се колне дека служи исклучиво на народот, на јавните интереси и цели, значи само едно- да не се простува, но уште позначајно, да следува немилосрдна политичка казна, соодветна на срамот кој е нанесен на Владата, како и на владејачката Партија- затоа што тоа е срам со кој не може да се носи ниту еден чесен политичар.

Во октомври, весникот Експресен (Expressen) го открива скандалот- објавува дека Салин има потрошено 50.000 шведски круни ( или 5.300 евра) на картичката, се за приватни цели.

Скандалот никогаш немаше да експлодира, доколку Салин следниот ден не ги вратела парите во државната каса, затоа што и самата Влада спроведува кампања за користење на кредитни картички наместо пари во кеш, водејќи се од избегнувањето на даноци.

На прес- конференција, Салин скршено признава дека ја трошела картичката за намирници, но тоа не е се- подоцна признанието се проширува, како што расте злосторството на трошење даночни пари на граѓаните за приватни цели, што е неопростиво за една демократска земја. Таа со службената кредитна картичка платила 19 паркинг-карти, неколку сметки за дневниот престој на децата и дополнително, признава дека не ја платила телевизиската претплата.

Во ноември истата година, Салин ја повлекува својата кандидатура во Партијата за премиерка, по што влетува министерот за финансии, Горан Петерсон. Низ годините, таа повторно ја добива довербата на Петерсон и на Партијата, но не и на граѓаните- не успева да ја добие најпосакуваната, премиерска функција.

Ова не е приказна за темните наочари на Груевски, со кои беше сликан, додека одмара на некоја плажа во Израел, приказна која еруптираше во скандал, откако некои медиуми објавија неверојатна сума на тие наочари. Се разбира, подоцна тие 60.000 долари беа демантирани од Владата, која објасни дека се работи за обични наочари за сонце, ” купени по просечна цена какви што може да се купат во секоја обична продавница за очила за сонце во Скопје, “. Но, ниту Груевски, ниту Владата не сфаќаат- после изгубената доверба, дури и секоја вистина која тие ќе ја изговорат, за жал, се подразбира дека е лага.

Затоа што се е неповратно уништено, катастрофата не доаѓа сама, после сите земјотреси кои не затрупаа, а кои допрва ќе бидат истражувани: убиства (Мартин Нешковски, Монструм, сомнителната смрт на Никола Младенов), политички затвореници (Томислав Кежаровски, Љубе Бошковски, Велија Рамковски, Ване Цветанов, Александар Диневски, итн.), корупција (кинеска афера, израелска афера, итн.), изборни злоупотреби (закани за ликвидации- праќање во ендек, сотрување на неистомисленици, пуштање во оптек црни кеси со патенти, полни со гласачки ливчиња, претворање на МВР во МВРО, исмевање на амбасадори кои чекаат изборни резултати, итн.).

Груевски не извлече поука од овој скандал со наочарите, како ниту од сите останати продуцирани од бомбите на Заев, скандали кои му ја разголија премиерската функција, го доведоа до ѕид, му го распарчија сонот за идна политичка кариера.

Испорачана е сметката- казна од народот. Тој ист народ во кого се колне до ден денес, тој ист народ иако знае дека наочарите не се мајката на политичката корупција, токму тој народ- не му простува. Затоа што го има на ум Марко Аурелиј: “Немој да работиш така, како да ќе живееш илјада години. Смртта е веќе над тебе. Биди добар додека живееш, додека можеш.”

Народот сега е тој кој ја креира вистината, а секоја евентуална изговорена вистина на Груевски, автоматски станува лага и уште пострашно- се е доведено до гротеска, до пародија, насекаде каде што ќе се сврти, се соочува со потсмев. Очајничката потреба на народот за исмевање е она што го надвисна: една обична маица со некакви линии која тој ја носеше, за народот стана јавно обзнанен план за поделба на парцели на Водно. Груевски едноставно не може да разбере- ништо повеќе не е важно, откако се е изгубено. Ништо повеќе нема да има, откако се му беше дадено и се претвори во пустош.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.