Browsing: ВЕСТИ

На 11-ти јули 1995-та година, силите на босанските срби, предводени од Ратко Младиќ, влегоа во Сребреница и убија околу 8 илјади муслимани. Геноцидот се случи и покрај тоа што Сребреница беше сметана за безбедна зона, под контрола на холандските сили на УНПРОФОР

Грција е на раб на банкрот бидејќи со години нашите влади беа клиентелистички, ја јакнеа корупцијата и затајувањето на даноци, рече Ципрас во ЕП во обид да ја извади дебата од полето на финансии и да ја врати на политика.

Еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Змејковски, во интервју за НОВА говори за Форумот на слободоумни патриоти и разидувањето со Јове Кекеновски, за различните позиции со неговиот брат Борис Змејковски, за преговорите Груевски- Заев и разврската на политичката криза

Еден од најпознатите економски аналитичари во светот, Томас Пикети, во однос на грчката финансиска ситуација, на Германија и Франција им порачува дека историјата покажала дека враќањето на долговите на една земја може да биде изведено на неколку начини, а не само еден, како што тие и наметнуваат на Грција

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека не постојат институции во државата кои сериозно ќе ги примат забелешките од Стејт департментот, како и од другите домашни и меѓународни организации. Мемети во ПРОЦЕС зборува како наидува на sид од страна на власта по однос на сите укажувања

А во меѓувреме, Груевски мртов сериозен преговара, кобајаги страшно заинтересиран, загрижен за демократијата, па седнал и ги рецитира пред странците реформските зафати на Владата, кои се разбира дека ќе ги спроведе, тој уште вчера почнал, ги убедува, што сте такви скиснати, ги прашува загрижено, да не е Заев во прашање, јас секако не сум

Во меѓувреме, Државниот совет, највисокиот административен суд на Грција, денеска се очекува да одлучи по жалбата на двајца приватни граѓани коишто од судот бараат референдумот во недела да го прогласи за нелегален

Дали Груевски ќе се откаже од премиерската функција или Заев ќе попушти, кој би ги спроведувал реформите и дали постои капацитет за нивно имплементирање се дел до темите за кои дебатираат Замир Мехмети граѓански активист и Петар Арсовски ПР експерт и политички аналитичар во студио на НОВА