Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томас Пикети:Германија и Франција порано беа во иста ситуација како Грција денес

0
By Нова ТВ on July 6, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 6, 2015 12:51

Еден од најпознатите економски аналитичари во светот, Томас Пикети, во однос на грчката финансиска ситуација, на Германија и Франција им порачува дека историјата покажала дека враќањето на долговите на една земја може да биде изведено на неколку начини, а не само еден, како што тие и наметнуваат на Грција.

– Страв ми е дека конзервативците, особено Германија, ќе ја уништат Европа и европската идеја, поради шокантното непознавање на историјата, вели тој во интервју за „Ди Цајт“.

Според него, се работи за, како што вели, дебело промашена политика.

– Германската историја би требала да биде од голема важност за денешните Германци. Гледајќи ја историјата низ призмата на националниот долг: Велика Британија, Германија и Франција во даден момент сите биле во истата ситуација како што сега е Грција, па дури и позадолжени. Првата лекција е дека државните долгови не се нешто ново. Постоеле многу начини за враќање на тие долгови, а не само еден како што Берлин и Париз сакаат да верувате, вели Пикети.

Екомонскиот аналитичар потенцира дека токму Германија е најдобриот пример за една држава која не ги вратила долговите во целост. Тоа се повторило и по Прва светска војна, и по Втора светска војна.

Тој вели, Германија често ги терала другите да ги платат нејзините долгови, со што барала и отштета од Франција по Француско-пруската војна која се водеше некаде кон крајот на 19.век.

– Кога слушам како Германците зборуваат за морален став кон долговите и силно веруваат дека долговите мора да се вратат, тогаш мислам дека се работи за еден огромен виц. Германија е земја која никогаш не ги вратила своите долгови. Немаат право да им држат лекции на другите нации, изјавува Пикети.

Славниот аналитичар вели начинот на кој Британското царство ги враќало долговите, се покажал како успешен, но ја задржал земјата повеќе од сто години во рестриктивни мерки.

Од друга страна, вели тој, германското враќање на долгови се состои од три компоненти:
инфлација, посебен данок за приватно богатство и делумно отпишување на долговите.

Пикети забележува дека токму тој отпис на долговите Германија не и го овозможува на Грција. Тогашниот отпис на долговите според него, била рационална и политичка одлука која им дозволила на Германците да се фокусираат кон иднината.

– Не можеме од новите генерации да бараме да ги плаќаат грешките на своите родители. Грците несомнено направија огромни грешки…Мораме да гледаме напред, Европа е градена на отпишување на долгови и вложување во иднината, вели меѓу другото Томас Пикети.

На забелешката на новинарот на „Ди Цајт“ дека Германците сметаат дека Грците не ја научиле лекцијата, Пикети одговара:

– Во 50-тите вам Германците да ви речевме дека не сте ги научиле вашите грешки, и до ден денес ќе ги отплаќавте долговите. Среќа, па бевме доволно интелегентни да не ви го кажеме тоа, одговара тој.

Тој во интервјуто се осврнува и на потенцијално излегување на Грција од еврозоната. Смета дека доколку Грција ја избркаат од еврозоната, тоа би бил почеток на агонијата, а би резултирало со жртвување на европскиот социјален модел, демократијата и слично, и предлага алтернативно решение.

– Ни треба конференција за сите европски долгови, каква што имавме после Втората светска војна. Реконструкција на долговите, не само во Грција, туку и во неколку европски земји. Веќе изгубивме шест месеци во нетранспарентни преговори со Атина. Откако ќе има отпис на долговите, би требало да воведеме европска институција задолжена за регулација на лимитот на дефицит, а како бисе спречил раст на долговите, вели тој.

Пикети смета дека при Европскиот парламент, треба да се основа одбор претставуван од националните парламенти, а одлуките во Европа да се носат демократски а не под притисок на Берлин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.