Browsing: ВЕСТИ
Интервју со професорката по Уставно право на Св.Кирил и Методиј, Ана Павловска-Данева: За најавите на претседателот на Лустрациска, Томе Аџиев, дека професорите и академиците кои се лустрирани ќе бидат разрешени од службата, и покрај незаконската основа за такви закани. Аџиев беше поканет на дебата со Павловска-Данева, но не одговори воопшто на можноста да ги спротивстави аргументите
Бетонските плочи кои некогаш ја делеа Германија денеска ги има речиси на секој континент. Од државни подароци до спортски постигнувања, од купување бетонска плоча на скапи аукции, до украдени парчиња кои ќе ги нема засекогаш – „Каде е Берлинскиот ѕид денеска“
Геолозите велат дека лавата е на 70 метри од градот Пахоа и би можела да стигне до него во текот на наредниот ден
Вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими во интервју за Еврозум ги коментира наодите на Извештајот за напредокот на ЕК во сферата на слободата на медиумите. Ако нема промени заканата за губење на препораката може да стане реалност
19 лица се ставени под домашен карантин во Австралија како мерка на претпазливост, додека во болница течат истражувања за ебола на 18-годишна африканска тинејџерка соопштуваат странските медиуми
Студено време со врнежи од дожд и снег на планините ќе преовладува претпладне во Македонија, а во попладневните часови се очекува врнежите да престанат
Се срамам од коментарите на Фејсбук, после моето интервју со директорот на ЛГБТ центарот Кочо Андоновски, се срамам од новите повици за насилство, се срамам од она што се претвори земјава, од тоа што стана со овој народ
Интервју со директорот на ЛГБТ центарот Кочо Андоновски: За синоќешниот, шести по ред напад врз ЛГБТ активистите, за омразата, насилството и повиците за сечење глави кои со години се толерираат, а власта молчи
Судирот во Украина присили повеќе од 824.000 лица да ги напуштат своите домови, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)
Од сите странски инвестиции кои влегле во Србија, која веќе подолго време се обидува да го развие стопанството, да го зголеми доходот и да ги вработи луѓето, а се работи за инвестиции кои вкупно изнесуваат 18 милијарди евра, Русија учествувала со 3.6 отсто или 650 милиони евра
Про-демократските демонстранти во Хонгконг денеска маршираат кон владината куќа, каде што престојува лидерот, критикувајќи го неговиот став за демократските реформи, навредени се од неодамнешните коментари на лидерот Ленг Чун јинг кој рече дека на посиромашните граѓани не смее да им се даде преголемо политичко влијание
Интервју на главната уредничка на “Фокус”, Јадранка Костова: За солидарноста на граѓаните за новинарите од неделникот, тужени од шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, стравувањата дека притисокот ќе продолжи по тужбите и смртта на Никола Младенов
