Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој кому партнер: „Дали Русите навистина се најголемите браќа на Србите“

0
By Нова ТВ on October 23, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 23, 2014 19:53


Австрија, Германија и Италија се земјите кои досега најмногу инвестирале во српското стопанство, а не „доброчинителот“ и „големиот пријател“ Владимир Путин и неговата Русија, се вели во анализата на српски „Телеграф“ под назив „Дали Русите навистина се нашите најголеми браќа“.

Од сите странски инвестиции кои влегле во Србија, која веќе подолго време се обидува да го развие стопанството, да го зголеми доходот и да ги вработи луѓето, а се работи за инвестиции кои вкупно изнесуваат 18 милијарди евра, Русија учествувала со 3.6 отсто односно со 650 милиони евра.

Црна Гора која е далеку помала од Русија и посиромашна, пресметано во државното богатство и бројот на жители, излегува дека вложила пола милијарда евра повеќе од Русија.

– Рака на срце, руските инвестиции не се за занемарување, но треба да се земе во предвид и колку другите земји придонеле, односно колку вложиле во Србија, без да се тапкаат во гради дека се голем пријател. Италија и Германија во Србија оставиле околу милијарда евра, а речиси толку инвестирале и Грција, додека Австрија најмногу – 2,6 милијарди евра, анализира „Телеграф“.

При неодамнешната посета на Белград, во која Путин беше пречекан со сите церемонијални почести, Путин сепак на Србите им донесе 7 договори како и ветување дека неговата земја ќе го увезува српски „Фиат“.

Кои земји најмногу инвестирале во Србија последните 10 години? Прва на листата е Австрија со 2.6 милијарди евра а останатите се: Германија – 1.2 милијарди евра, Италија – 1 милијарда, Грција – 950 милиони евра, Словенија – 900 милиони, па потоа Русија со 650 милиони и Црна Гора 450 милиони евра.

Не треба да се заборави дека Русија до сега ветуваше многу за Србија…помеѓу ветувањата кои ги наведува „Телеграф“:

Изградбата на Јужен тек која неколкупати веќе се одложува и е неизвесна;

ЈТ во Србија ќе го гради руска фирма, а произведувач ќе биде Србија;

Руски кредит од 800 милиони долари за железничка инфраструктура – условите за договорот прикажани во јавноста после три години од потпишувањето. Каматата за кредитот 4.1 отсто, отплатниот рок на 10 години, а грејс период на 4 години;

– Важно е да се напомене дека до сега прилично Србија ја плати соработката со Русија, а братската љубов повеќе пати не удри по џеб, а од наплатата на Гаспром до денес изгубивме 240 милиони евра, до 2023 може да загубиме и цели 640 милиони евра, се вели меѓу другото во анализата.

Според компарацијата која ја прави српскиот медиум, до септември 2014 година, Србија извезила во Русија нешто помалку од 500 милиони евра, додека пак увезиле околу 1.15 милијарди. Српскиот извоз во Русија и рускиот увоз во Србија значително се разликуваат.

Сепак и покрај ваквите податоци, српскиот претседател Томислав Николиќ неодамна потенцираше дека неговата земја на Русија гледа како еден од најголемите пријатели и партнери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.