Browsing: ВЕСТИ

Пред пет години и Куманово за мене даде повеќе гласови, отколку за кандидатот на опозицијата. Благодарен сум за големата поддршка и очекувам истата да се повтори. Напорно работев за да ја оправдам вашата доверба, рече Иванов на митингот во Куманово

Политичките партии ги започнуваат кампањите за предвремени парламентарни избори. Груевски ќе ја промовира својата програма на плоштадот Македонија во 20 часот, додека Стево Пендаровски во 19 30 ќе одржи граѓански собир на плоштадот Пела на кој ќе се промовираат и кандидатите за пратеници на СДСМ

Ако успееме да ја повлечеме композицијата на 13, на 27 април само ќе ја завршиме смената на власта која толку долго ја очекуваме. Не станува збор за името на кандидатот, туку станува збор за тоа дали сакаме да ја извлечеме Македонија од оваа кал во која се наоѓа со години и да ја подисправиме

Што се однесува до пречките како бојкотот сакам да им кажам на сите оние што се уште се во дилема дали да излезат и да гласаат на овие избори дека ваква состојба со еден кандидат Албанец тешко може да се повтори, рече Халими

Кандидатот на Груевски очигледно не го познава првиот член од Уставот што се однесува на надлежностите на претседателот на државата. Тој вели дека претседателот ја претставува државата и надвор и внатре, сам, рече Пендаровски како одговор на прашање зошто тој шета сам, а Иванов со министрите

Во интервју за НОВА Златко Ориѓански зборува за неговата одлука да му подари песна на претседателскиот кандидат Пендаровски, за кризата на идентитетот и влијанието на политиката врз културата и уметноста

Кандидатот на ГРОМ за претседател на државата, Зоран Поповски, во средата одржа митинг во Охрид, а претходно оствари средби со граѓаните на Ресен, Дебарца и Струга, каде порача дека на Македонија и треба нова политичка сила

Не сме мали за големи успеси! Успеси, кои ги постигнуваме на секое поле, и во дипломатијата, и во економијата, и во земјоделството и во инфраструктурата, и во спортот, и во културата“, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Горге Иванов