Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Ќе ја градиме Македонија со продолжување на европските реформи

0
By Нова ТВ on April 5, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 5, 2014 10:11

Граѓаните поддржуваа различни партии, различни политички опции. Така е и на централно и на локално ниво. Но, кога станува збор за Македонија, нема ни партии, ни политички опции. Кога станува збор за Македонија, сите сме си наши, независно од етничката или религиската припадност, рече во петокот вечерта претседателот Ѓорге Иванов во Куманово барајќи го вториот мандат како кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе ме препознаете по моите животни принципи: чесност, искреност и трудољубивост, на коишто опстанав и функцијата не ме промени. Сè што беше предвидено со програмата од 2009 година е исполнето”, порача претседателскиот кандидат на владејачката коалиција За подобра Македонија.

„Пред пет години и Куманово за мене даде повеќе гласови, отколку за кандидатот на опозицијата. Благодарен сум за големата поддршка и очекувам истата да се повтори. Напорно работев за да ја оправдам вашата доверба”, рече Иванов.

Како врховен командант, Иванов се осврна на ангажманот на припадниците на македонската армија во меѓународните мировни мисии во светот, истакнувајќи дека една до стратешките цели на земјата членство во НАТО.

„Остануваме посветени на патот кон Европската унија. Сите знаеме дека сме блокирани од нашиот јужен сосед, кој има проблем со нашиот идентитет. Веќе 23 години бара од нас да престанеме да бидеме она што сме, да го погазиме заветот што ни го оставиле нашите предци”, истакна Иванов.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и пред кумановчани дека нема да прифати прифатам промена на Уставот, со цел промена на уставното име.

„Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Што и да прави, нашиот јужен сосед не може да не спречи да ја градиме Европа во Македонија. Да ја градиме со спроведување на европските реформи, европските стандарди и европските критериуми”, рече Иванов додавајќи дека за успесите што ги постигнува Македонија се и петте позитивни извештаи и петте препораки за преговори за членство на Македонија во Европската унија.

„Како претседател го бранев и ќе го бранам државното единство на Република Македонија. Претседател сум на сите граѓани, независно од етничката, верската или која било друга припадност. Тоа го правев и ќе продолжам да го правам. Затоа наоѓав време да одам кај православните христијани, кај католиците и кај протестантите. Одев и во џамии, одев и на ифтари, одев и на Ханука кај Евреите. Тоа беше моето мото, еден за сите. Бев присутен кај сите. Затоа што има многу религии, но има една вера – верата во Бога”, порача Иванов

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.