Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ЕКОНОМИЈА
Според карактеристиките и функционалноста, Smart Boards претставуваат проектор и платно, екран, компјутер и табла: со овие карактеристики, Smart Boards наоѓаат широка примена во образованието, бизнис заедницата , па дури и во домаќинствата, заменувајќи ја целосно улогата на домашно кино
Од вкупниот надворешен долг, 1,6 милијарди евра се долгови на државата, околу 1,9 милијарди евра се долгови на останати сектори, во кои спаѓа и приватниот сектор, а 378 милиони евра се долгови на Народната банка
Можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни, беа темите на тркалезната маса, која се одржа денеска во организација на Македонија 2025
Собраниската расправа за предлог-буџетот за 2015 не започна во матичната комисија. Наместо во комисијата за финансирање и буџет, првите забелешки за тоа за што ќе се трошат парите од државната каса ги дадоа членовите на комисијата за култура, соопштува Телма
Република Македонија е далеку на дното не само на територијата на поранешна Југославија, туку и меѓу кандидатите и потенцијалните кандидати за влез во ЕУ. Просечната плата во земјава во јуни оваа година беше само 21,233 денари или 352 евра
Историски највисоко ниво на ставката за социјални трансфери во еден од историски најгломазните буџети од скоро 3 милијарди евра. Во исто време, капиталните инвестиции, кои треба да ја обезбедат развојната компонента остануваат на речиси исто ниво како и сегашното од околку 344 милиони евра
Од утре ќе се дистрибуира и влегува во употреба новата банкнота од 10 евра соопштува Европската централна банка
Под 97 долари за барел е новата цена за нафтата откако нејзината цена се спушти за рекордно ниво во последните две години, а странските медиуми пренесуваат дека тоа е поради слабите економски податоци од Кина
Преку тренинг центарот на Нова Консалтинг и Едукација повеќе од 2.000 амбициозни индивидуалци досега се обучиле и се подготвиле да размислуваат менаџерски и самите да умеат да ги препознаат или детектираат можностите или заканите кои и претстојат на сопствената или компанијата за која работат
Станува збор за удели кои се помали од 50 отсто од сопственоста на фирмите, а почетната цена се движи од неколку десетици илјади денари до над милион денари
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,50 ден/лит, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 66,50 ден/лит, одлучи Регулаторната комисија за енергетика
По 23 години независност, старите проблеми се уште чекаат решение. Осми септември 1991 – 2014 та. Растргната меѓу транзицијата, демократијата и кревките меѓуетнички односни, Македонија се уште се обидува да го да се одржи на патот кон евроатланските интеграции