Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ЕКОНОМИЈА
Паѓа продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар. Минатата година потрошувачката била намалена за 3,76%.Граѓаните најмногу трошеле дизел горива, велат податоците на нафтените компании, што значи дизел горивата учествувале со 53,24%, од вкупната потрошувачка на нафтени деривати
Владата продолжува со безмилосното зголемување на буџетскиот дефицит. Тоа по автоматизам значи и нови задолжувања на граѓаните, со што ќе мора да се покрива буџетската дупка, истакна пред новинарите Маријанчо Николов од СДСМ
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за денар, а дизелот за 1,5 денари. Според одлуката која денеска ја донесе Регулаторната Комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 79 денари, а на Еуродизел (Д-Е V) 66 денари
Бугарското министерство за економија и енергетика нареди да се прекинат сите активности поврзани со изградбата на гасоводот „Јужен тек“, додека проектот не се усогласи со барањата на Европската комисија
Европската комисија смета дека зголемувањето на платите во Германија е неопходно за да може оваа земја да им помогне на своите европски соседи кои имаат проблеми, изјави европскиот комесар задолжен за социјални работи Ласло Андор во неделното интервју “Ди Велт”.
Со планираната дистрибутивна мрежа за природен гас ќе бидат опфатени 37 општини од источна Македонија и 26 од западниот дел на земјава. Покрај обврската да вложи во изведбата на обемната инфраструктура, приватниот партнер на Владата ќе треба да ѝ плаќа минимален годишен надоместок во износ од еден процент од добивката
Барањата за отпис на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во центрите за социјална работа во местото на живеење во рок од 30 дена од објавување на повикот од страна на Министерството за финансии, а за прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија
Властите објавуваат раст на економијата, но граѓаните велат дека живеат сè потешко. Според нив, како што велат, растот можеби се однесува на некои други.
За шест детски одморалишта сопственост на Република Македонија, чиј корисник беше Министерството за труд и социјална политика, во втората половина на овој месец ќе биде распишан јавен оглас за продажба
Во рок од пет работни дена, односно до 11 –ти овој месец фирмите кои се јавуваат како доверители за отпис на долговите на граѓаните од социјално ранливите категории треба да поднесат изјава до Министерството за финансии за склучување договор за еднократен отпис на долговите
Изјавата на Гувернерот дека во бројките за висината на јавнот долг што ги објавува ММФ има околу 800 милиони евра обврски на Народната банка е демантирана директно од Меѓународниот монетарен фонд, велат од СДСМ
СДСМ излезе со реакција за јавниот долг кој го соопшти гувернерот Димитар Богов, реплицирајќи дека воопшто не е точен и обвинувајќи го Богов дека е партиски послушник