Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ЕКОНОМИЈА
Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на доспеани обврски и обврски за наредниот период, вклучувајки ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година, информира Министерството за финансии
Mоторните возила со зафатнина на моторот од 900 до 1.350 кубни сантиметри ќе плаќаат 1.520 денари. Тие до 1.800 кубици ќе плаќаат 2.180 денари , а тие со зафатнина на мотор до 2.500 кубни сантиметри ќе ги чини 2.910 денари
Наплатата на данокот на имот, изготвувањето на единствена програма за поставување урбана опрема за подрачјето на целиот град, како и процесот на подготовка на регулациски планови, беа темите на денешната седница на Координативното тело на градоначалници на скопските општини
Патарината од Скопје до Петровец сега, наместо 30 денари, изнесува 40 денари. На патарините на делницата Скопје – Тетово се наплаќа 40 денари, а Тетово – Гостивар 30 денари
Државниот инспекторат за земјоделство ќе им ги одземе лиценците за работа на 13 винарски визби поради неисплатено грозје од минатата реколта, како и поради доставување на лажни финансиски извештаи
Центргаз, огранок на руската енергетска компанија Газпром победил на тендерот за изградба на српскиот дел од гасоводот Јужен тек, соопштија денеска од компанијата
Поскапувањето на електричната енергија неминовно ќе повлече бран на поскапувања, особено на прехранбените производи. Јулскиот ценовен раст ќе кулминира во септември, кога се очекува пораст на цените за пет проценти, сметаат експертите
Почетокот на работите на овој патен правец, кој се поврзува со автопатот „Ибрахим Ругова“, од границата со Албанија го означи косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи, кој соопшти дека автопатот ќе биде именуван по почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери
Со промена на името на Централната банка ќе се менува и изгледот на парите. Наместо називот „Народна банка“ ќе стои „Банка на Република Македонија“. Процесот ќе се одвива етапно, ќе почне од новите банкноти, старите ќе бидат во оптек
До крајот на овој месец ќе се знае новата цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули и ќе важи до 1 јули 2015 година. Во Регулаторната комисија за енергетика во моментов се прават пресметките и засега од таму не сакаат да обелоденат колку ќе чини киловат-час електрична енергија за домаќинствата
Само за споредба доматите се продаваат за 50-60 денари, а во Грција пред намалувањето се продаваа за едно евро по килограм, краставици се продаваат за 30 денари, кајсиите од 80 до 120 денари, додека кај нашиот јужен сосед може да се купат за едно евро
Мобилните екипи на УЈП ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегегистрирање на готовинскиот промет