Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ЕКОНОМИЈА
Најмногу алкохол се пие во Русија и Централна Европа. Првак на светот е Белорусија, каде што секој жител над 15 години пие по 17,5 литри чист алкохол годишно.
Непроменети оценки за динамиката на растот на домашната економија, очекува Народна банка, односно 3,7 проценти за оваа и 4,4 проценти за наредната година. Гувернерот Димитар Богов при презентација на ревизијата на макроекономските проекции порача дека проекцијата и натаму останува иста, како што предвиделе и во октомври минатата година.
Управата за јавни приходи затвори 101 деловен објект бидејќи не издавале фискални сметки. Инспекторите на УЈП биле во 665 фирми при што утврдиле дека секој шести нема фискален апарат или пак не издавал фискални сметки
Девизните резерви биле на рекордно ниво од 2 милијарди и 263 милиони евра во јануари 2013 година. Тоа значи дека во изминативе 15 месеци, девизните резерви се намалени за 364 милиони евра.
Владата и во минатото трошеше пари за рекламна промоција на земјата во странство. Се правеа скапи реклами кои се емитуваа на светскиот телевизиски сервис СиЕнЕн. Само за изработка на дел од спотовите се потрошија 625 илјади евра, без да се вклучат парите потрошени за закупување рекламен простор на СиЕнЕн
Тим на Меѓунaродниот монетарен фонд предводен од Ивана Владкова Холар од денеска до 19 мај ќе престојува во Република Македонија; тема на разговорите ќе биде пост-програм мониторингот
Груевски истакна дека новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието што треба да се случи кон крајот на мај или во почетокот на јуни
Вкупниот број на блокирани жиро сметки минатиот месец изнесува 184.136, покажуваат податоците од Народната банка на Македонија- 120.569 се сметки на физички лица, а останатите 63.567 се блокирани сметки на фирми
Цената на нафтените деривати се зголемува вечерва по полноќ. Бензинот поскапува за 1,5 денари по литар, а дизел горивата за 1 денар
Бугарија го размонтира првиот спој на цевки за гасоводот Јужен тек, кој поминува низ оваа земја. Како што објавуваат бугарските медиуми „тоа се случи откако Европскиот парламент одлучи дека проектот Јужен тек не треба да се имплементира“
Италијанскиот авиопревозник „Алиталиа“ воведува нова директна линија Скопје-Рим со летови секој ден, почнувајќи од 2 мај. Билетите за овој нов лет на компанијата веќе се во продажба на сајтот alitalia.com или во туристичките агенции и билетарниците на Алиталиа
По зголемениот број спам како повици и СМС од броеви што почнуваат на +88, +22, +21 и +29, Т-Мобиле ги советува корисниците да не бираат повратно на тие броеви затоа што ќе имаат несакани трошоци