Browsing: ЕКОНОМИЈА

Власта е целосно разобличена. Груевски и неговата Влада со години ја манипулираат домашната и странска јавност за задолженоста на државата. Затоа е нервозен вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, изјави пред новинарите Кире Наумов од СДСМ

Преспанско,Тиквешко, како и дел од Охридското езеро ќе одат под концесија. Владата по електронски пат ќе бара концесионер за стопански риболов, а концесијата ќе важи 6 години. Малите хидроцентрали пак, ќе се издаваат во пакет

Македонија ја заврши 2013 година со државен долг од 2,757 милијарди евра, односно 34,3 отсто од БДП-то. Ова е највисоко ниво на државен долг на Македонија од 2005 година, кога долгот бил 1,84 милијарди евра, но тоа тогаш било 38,4 отсто од БДП-то

Зголемената минимална плата ќе го зголеми просекот врз основа на кој се плаќаат давачките кон државата. Така, дел од стопанствениците сметаат дека трошоците неминовно ќе се зголемат, а буџетот ќе се дополни со нови приходи по основ на давачки

„Не збирајте фискални сметки и не чекајте да ве извлечат со ова законско решение сите граѓани ќе имаат корист, и тоа ќе значи дополнителни средства во буџетот на РМ“, го образложи предлогот на Марјанчо Николов од СДСМ

Реализацијата на проектот за гасификација на Република Македонија ќе се одвива во период од 20 години при што во првите пет години треба и ќе се реализираат подготвителните работи и изградбата на мрежата, најави Груевски

„Владата не само што се повеќе ја задолжила РМ туку и го крие својот долг. Владата дел од своите кредити ги префрла на јавните претпријатија. Земате кредити и ги трошите само за кредити, споменици и барокни фасади. Со вакви кредити секоја влада можела да купи три-четири години власт“, рече од собраниската говорница Николов

Од владејачката партија реагираат дека откако се на власт, изградени се и реконструирани 1.012 километри патишта, 287 училишта, 61 градинка, 178 канализациони мрежи, 150 водоводни мрежи итн, и велат едно само може да се заклучи – СДСМ знае само да критикува