Browsing: ЕКОНОМИЈА

Над стотина објекти беа затворени од Управата за јавни приходи во изминатиот месец. На удар на инспекторите се најдоа голем број на ресторани, кафулиња, продавници за храна, текстил, обувки, гранапчиња

Увозот на електрична енергија само во јуни годинава чини 5,7 милиони евра; доколку се анализира периодот од јануари до јули во 2013 година, според податоците, дури 73 милиони евра Македонија искеширала за увоз за струја во првите седум месеци од годинава

Прелиминарните резултати од студијата за каналот Дунав-Морава-Вардар покажуваат дека неговата изградба би била оправдана и исплатлива, изјави вршителот на должноста директор на српската Државна агенција за просторно планирање Драган Дунчиќ

Владата нема донесено одлука за започнување на нуклеарна енергетска програма. Доколку се одлучи за тоа ќе се спроведе референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали го поддржуваат тоа или не, изјави Пешевски

„Пониски цени на СМС пораките за 50 проценти од 1 ноември годинава и намалување на големопродажните цени за терминација меѓу мобилните оператори, што треба да влијаат на намалување на износот на малопродажните цени“, најави АЕК

Проекциите за догодина се нереални – приходите неостварливи, сè да биде во функција на изборите, на рејтингот на владата. Да биде сакан премиерот и другите“, изјави потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов

Владата го утврди предлог-буџетот за 2014 година и подготви ребаланс на буџетската каса за оваа година кои денеска ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија; предложениот буџет за наредната година предвидува раст на капиталните инвестиции за 20 проценти