Browsing: КУЛТУРА

На фестивалот „Golden Drum” агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа. За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum)

Сместена во источниот дел на северниот Кавказ, Чеченија е заградена скоро од сите страни од руските федерални единици. Инфраструктурата на Чеченија беше намалена по војната меѓу локалните сепаратисти и руските сили во комбинација со вооружените банди и организираниот криминал

Освен Лазарова, добитници на наградата се и проф. Д-р Дејан Докиќ (пулмолог-алерголог), проф. Д-р Зоран Тодоровски (историчар), диригентот и педагог Рамадан Шукри, како и академик Катица Ќулавкова

Шведската академија му додели 8 милиони шведски круни или 1,1 милион долари за уметност за сеќавање со која успеал да евоцира спомени на најинтензивни човечки судбини и открил каков е животот под окупација

Навршените 70 години од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија – „Песни“ од Ацо Шопов се повод Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да организира промоција на повеќејазичниот портал посветен за него

На само три дена пред да додели Нобеловата награда за литература за 2014, Харуки Мураками и кенискиот писател Нгуги ва Тионг’ o (Ngugi wa Thiong’o) се фаворити за победа за најголемата чест во книжевниот свет

По 70 години од објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ од Ацо Шопов, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) утре организира средба во 12 часот во чест на големиот поет

Изведувач учествува на прославите по повод 24-годишнината од обединувањето на Германија. Картонските кутии биле наредени во форма на слика на Трабант, масовно произведени автомобили во комунистичка Источна Германија

Филмот е за едно село принудено да се помири со силувањето на тамошните жени од српските војници за време на Косовската војна во 1998-99 година, чувствителна тема која, како што вели Ќосја, во голема мера е занемарена во патријархалното косовско општество во изминатава деценија

Врвни солистички имиња, диригенти, програми интересни и за публиката и за оркестарот, најавува Македонската филхармонија за претстојната нова сезона 2014/15 што почнува вечерва со спектакуларен концерт на кој ќе настапи солистот Даниел Милер-Шот под диригентство на маестро Борјан Цанев