Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: КУЛТУРА
Според режисерот, филмот е прототип на македонска фамилија и тематизира семејни релации, а во преден план е љубовната приказна меѓу Ангела и Марко, кои ги играат младите актери Ивана Павлаковиќ и Кире Ѓоревски. Сценариото е на Гордан Михиќ и беше сниман, главно, во преспанскиот регион
Во Кина е веќе први октомври – национален празник и многу луѓе во Хонг Конг го искористиja слободното време за да излезат на улиците и да протестираат. Немирите предводени од студентите беа поттикнати од инсистирањето на Кина таа сама да ги бира кандидатите за престојните избори во 2017 година, иако на граѓаните од Хонг Конг им било ветено дека тие слободно ќе можат да ги избираат нивните лидери
Неколку експонати за време на изложбата при „Скопје дизајн вик“ исчезнаа, потврдија организаторите. И покрај немилиот настан, тие не сакаат во јавноста да коментираат за таквите инциденти, бидејќи приоритет на манифестацијата е публиката да се осврне на позитивните придобивки од неделата на дизајнот за која сметаат дека добива сè поголема значење и креира мостови за соработка помеѓу дизајнерите и компаниите
Со претставата „За домот се работи“ од битолскиот Народен театар во Универзална сала во Скопје се затвора овогодинешното издание на македонскиот интернационален фестивал за театар
Kнигата „Отворен круг” на театарската критичарка, новинарка и публицистка, Лилјана Мазова ќе биде презентирана на 25 септември во МКЦ, а воедно ќе биде дел од Програмата на 39. Млад отворен театар
Електричната гитара на Никола Коџабашија успешно се вклопи и потпевнуваше со мала доза на морничавост, а ехото доаѓа дава извонреден заклучок во хлонираниот мавзолеј на Јулиета и наместо два, претставата траеше три часа
Оваа година програмата се фокусираше на создавање краток филм по претходно осмислено сценарио. Во програмата учествуваа деца на возраст од 11 до 16 години, кои возбудено го прифатија предизвикот на создавање филмско дело
Даутовски заедно со уште неколку уметници од целиот свет како гости солисти на овој реномиран ансамбл ќе настапат во проект за светското културно наследство „World Historical and Cultural Exposition“ што ќе се одржи во градот Nanjing
Годинешен добитник на најпрестижната фестивалска награда, златната „Камера 300“, е украинскиот кинематографер Валентин Васјанович, за неговиот дебитантски филм „Племето“.Полскиот кинематографер Ричард Ленчевски ја освои сребрената „Камера 300“, за филмот „Ида“,Бронзената „Камера 300“ му беше доделена на Ентони Тат Редклиф за филмот „71“
„До Балчак“е романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Режисер на филмот е Столе Попов, а сценариото го напиша Горан Стефановски
Под мотото „уметност, јебга..! страдај за убаво, слушај си ја душата!“ на 19 септември од 10 навечер, во МКЦ Клуб ресторан, Блесок организира промоција на „Песни од големата соба“ од Игор Исаковски, како и на „Купидона и други драми“ од Срѓан Јаниќијевиќ
Со музика, вино и дружење, скопската Општина Центар го отвори просторот резервиран за боеми. Боемската улица е пешачка зона, на која кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе можат да го искористат како уникатно катче за организирање настан