Browsing: КУЛТУРА

По долго боледување вчера во Скопје почина писателот Науме Радически. Посмртните останки на Радически ќе бидат погребани на 9. мај на гробиштата во Ѓорче Петров

Рецензија на претставата Нашиот клас на Тадеуш Слобоѓанек и Владимир Милчин, во ансамблот на Театарот за деца и младинци во Скопје на Радио Београд 2, чиј автор е Горан Цветковиќ – со највисоки оценки

Британскиот режисер, сценарист и глумец Тимоти Џон Бајфорд почина на 73 годишна возраст, после долгогодишната битка со тешката болест. Бајфорд беше познат како автор на култните детски серии забава Неделен забавник, Невен, Полетарец, На траг на прицата Додо, Бабино внуче, Метла без рачка

Музичкиот херој на некогашната југословенска сцена Дарко Рундек на 9-ти мај во универзалната сала пред скопската публика ќе го одржи долго очекуваниот концерт во придружба неговото Карго Трио

Во овој информативен мрак и заробена слобода на изразување, за среќа, се чини дека не е се замолчено. Пред неколклу дена, во Домот на културата во Тетово се прикажа претставата „За Власт Давам…“ која ги иронизира клишеата на нашето секојдневие, посебно тие од предизборните кампањи

„Од остров на копно, кон остров на море“ е насловот на книжевните средби што од 2. до 4 мај ќе се одржат во Далмација, Хрватска. Делегација на Независни писатели од Македонија ќе одржи книжевна вечер со хрватските колеги на островот Зларин, во близина на Шибеник

Еден од најдобрите светски новинари на денешницата, Џереми Паксман, одлучи да го напушти Њуснајт на Би-Би-Си 2 по 25 години откако е на чело на оваа легендарна емисија