Browsing: КУЛТУРА

„Американска измама“ и “Гравитација“ добија најмногу номинации на денешната церемонија во Холивуд, на која беа објавени кандидатите за Оскар – по 10. „12 години роб“, пак, ќе се натпреварува во 9 категории, „Небраска“ во шест, а „Клубот на купувачи Далас“ и „Капетанот Филипс“ во четири. „Американска измама“ е во изборот за најдобар филм и најдобра машка и женска улога

Објавени се номинациите за популарниот „Оскар“ во филмската индустрија, кој ќе се доделува по 86-ти пат. Ги нема Опра, Редфорд или пак Том Хенкс. Нема номинација ниту за браќата Коен, или пак за починатиот Џејмс Гандолфини

– Јас ја избрав актерската екипа. Бев во Загреб неколку пати по два-три дена и ги гледав претставите. Ги сретнав глумците, секој од нив посебно, ги гледав, разговарав со нив, мислев и така дојде до поделба на улогите, вели Унковски во интервју за хрватски „Јутарњи“

Новото издание на Филтер, Tricky Three од македонскиот електронски проект Tripnotic деновиве го доби и својот официјален видео запис. Спотот се снимаше минатиот месец во Њујорк, а го потпишува американската видео продукција Noir Tribe Media