Browsing: ПОЛИТИКА
ВМРО ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на СДСМ на која што опозиционерите ја обвинија власта дека со тоа што бара професорите да ја користат преведената литература наместо учебниците и скриптите, се меша во науката.
Делегацијата на Европската унија попладнево испрати соопштение во кое прецизно објаснува дека тие никогаш не барале од власта закон за медиуми како услов за членство во унијата
Граничните инспекции од Србија од денеска, а најдоцна за време на викендот ќе започнат со зајакнати контроли и надзор врз сите прехрамбени и земјоделски производи кои Македонија ги извезува во Србија јавува Политика повикувајќи се на српски владини извори.
Војската има пари само за одржување на старата но не и за нова опрема, ова е заклучокот е на началникот на Генералштабот Горанчо Котевски, во неговиот говор по повод прославата на денот на АРМ
Невозможно е премиерот да знае повеќе од професорите што е најдобро за студентите, со оглед на нивното искуство и знаење во областите за кои предаваат и чии предметни програми се соодветни на акредитираните студиски програми на факултетите, смета Прентовиќ
Ернст Рајхел: Властите ме уверија дека се многу заинтересирани да се изнајде решение и дека опциите кои се на маса се прифатливи, но сега зависи од грчката страна
1,5 милион евра поранешни градоначалници, раководители и скулптори потрошиле за патувања во Италија, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на пресот одржан пред зградата на Јавното обвинителство
Освен Стефановска која заминала 25 пати во Фиренца заради надзор на спомениците, според пресметките на новото раководство, во Италија биле вкупно 257 лица на товар на Општина Центар. Стефановска вели дека не се сеќава колку пати патувала
Ние како советничка група сме убедени дека целиот проект е целосно легален и законит, рече Рангелова
Наредната недела членовите на комисијата ќе треба да се изјаснат за компромисните предлози на меѓународниот експерт набљудувач
Одлична шанса Oбвинителството да докаже дека не ги третира предметите различно туку дека ќе има подеднаков пристап, односно одлична шанса да докажеме дека судството во Р. Македонија сепак функционира, рече Жерновски
Во споредба со пред 10 години во земјава има 20 отсто помалку посеви со пченица, 15 отсто помалку јачмен, 10 отсто помалку домат, има помалку посеви со тутун. Слична е и состојбата и во сточарството
