Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рангелова: Жерновски се прогласи за ненадлежен градоначалник

0
By Нова ТВ on August 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 16, 2013 14:20

Денеска градоначалникот Жерновски сам се прогласи за ненадлежен градоначалник. Како и за сите прашања и проблеми на граѓаните на Општина Центар, така и за темата поврзана со таканаречената ревизија на проектот Скопје 2014 година, Жерновски повторно бега од одговорноста и ја заслужува титулата ненадлежен градоначалник, изјави советничката на Центар од ВМРО – ДПМНЕ, Даниелка Рангелова.

Според неа градоначалникот Андреј Жерновски после фијаско прес конференцијата, која беше преполна со политички квалификации и неточни формулации, а без никаква законска подлога на т.н. ревизија, единствено што требаше е да излезе и да се извини за сите досегашни негови обвинувања дека проектот Скопје 2014 е незаконски и криминален.

– Но наместо тоа, овој срам и политички пораз за Жерновски тој се труди да го надмине со тоа што сега ја префрла одговорноста кај други институции, а во овој случај кон јавното обвинителство, смета Рангелова.

Таа го повикуваме Андреј Жерновски како градоначалник на Општина Центар, да не губи време, туку тој ако навистина е убеден во неправилности при градбата на Скопје 2014 лично или во името на Општина Центар да поднесе тужби за сите обвинувања кој тој и неговата коалиција ги имаат за овој значаен проект.

– Ќе потсетиме Жерновски сега е градоначалник на општина Центар. Тој има право да го направи тоа. Наместо да глуми ненадлежен градоналник нека излезе и нека понесе одговорност за тоа што го тврди. Притоа треба да биде свесен дека на суд не поминуваат општите квалификации, своеволните оценки и фрази, кои за проектот ги соопштуваат Жерновски и неговата партиска комисија. Судот одлучува според факти и докази.

– Ние како советничка група сме убедени дека целиот проект е целосно легален и законит, рече Рангелова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.