Browsing: ПОЛИТИКА
Стотина полицајци и специјалци рано утринава, насилно ги отстраниле граѓаните кои кампуваа во паркчето пред хотелот „Бристол“, за да ги исечат старите стебла и исчистат местото на кое се планира изградба на административна зграда
„Не гледам како предлогот би можел да води кон нетолеранција и дискриминација. Јас не го спорам правото на СДСМ да има исти ставови со ЛГБТ заедницата, но моите ставови и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се различни“, изјави Гордана Јанкуловска
Јанкуловска: За мене македонскиот идентитет не е ниту Јаневски, ниту Серафимовски, ниту кое било име или поединец. Во македонскиот идентитет се вградени сите наши претци. Тоа што ми пречи е обидот македонскиот идентитет да се поистовети со поединци
Според Алмакос, убиениот Албанец бил оџа од Скопје, Сами Абдулахи. Абдулахи е вториот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија, пишува Алмакос
Луѓето врзани за дневните интереси со власта, негираат речиси сè што е создадено во изминатите децении по војната, тврдејќи безмалку дека македонската државност почнала во последните седум години, вели Башевски
ЛП го доживува говорот на Груевски како укажување дека постои „меѓународна завера“ кон Македонија и, наспроти тоа, неспособност на политичките сили во Македонија да обезбедат единство на нашето општество
„Апсолутно ние сме приврзаници на тезата дека „план Б“ за Република Македонија нема. Нашето членство во ЕУ и НАТО е главен приоритет за сите граѓани во Република Македонија, главен приоритет и за СДСМ“, констатираше Заев.
Во седиштето на ДУИ во Мала Речица се одржува средба на лидерите на ДУИ и СДСМ, на барање на Зоран Заев, претседател на СДСМ
Најблагата споредба на овие говори – меѓници во политичката кариера на Груевски, упатува на впечатокот дека тој целосно отстапил од своите ветувања, пишува Божин Павловски
„Македонскиот полициски синдикат или МВР да им објасни на полицајците, бранителите, дека нивните решенија за бранител се тоалет хартија, а не документ што до пред некоја година им овозможуваше одредени бесплатни услуги во образованието и здравството“
Теми на сердбата ќе бидат актуелната политичката ситуација, евроатлантските интеграции, како и теми од заемен интерес
Мајката Сања им се заблагодари на сите кои помогнаа да се најде малата Матеа. Фотографијата од исчезнатото девојче кое мајката ја постави на ФБ беше споделена речиси илјада пати на социјалните мрежи чии корисници активно се вклучија во споделувањето на апелот
