Browsing: ПОЛИТИКА

Видео запис од синоќешната полициска интервенција кај хотелот Бристол кога беа приведени и 6 часа држени во полиција 11 активисти од граанската иницијативе Паркобрани, кои со денови го чуваат паркот – местото беше оградено во меѓувреме и таму ќе се гради барокна нова зграда на Советот за радиодифузија

Владимир Данаилов, ад­во­ка­т на притворениот глумец Кирил Поп Христов – Кили за НОВА: Поднесов барање до Судот за домашен притвор, со оглед на алармантната здравствена состојба на Поп-Христов. Неговиот живот е загрозен и јас сум загрижен, вели Данаилов

КОКАИН ДА, МАРИХУАНА НЕ!

Најнов Фокус: Актерот Кирил Поп Христов е во притвор, поради одгледување марихуана. Истовремено, како да се подзаборави оти, за поседување кокаин во Грција беше приведен синот на Трајко Вељановски!

Владимир Поп-Христов- Мио, на својот ФБ профил напиша дека доколку биде осуден, ќе ја одлежи казната и после тоа засекогаш заминува од Македонија, затоа што не го заслужува ниту него, ниту неговите деца

Иако најавена попладнево не се одржа средба меѓу вицепремиерите Владимир Пешевски и Хајредин Кучи. Решение за блокадата на македонско-косовската граница се уште нема

„Се извинуваме што не знаевме дека вчера имаше полициски час. Не сме знаеле дека и во овој навидум демократски систем се уште постои“, напишаа на својата Феjсбук страница Паркобраните. Тие велат дека се почестени затоа што секој активист бил приведен со посебно полициско возило и сопствен шофер

„Граѓаните знаат дека ваква политика на штитење на нечии лични интереси и игнорирање на законите можеби наликува на мрачното минато на Македонија од времето на Бранко Црвенковски, но не и на земја аспирант за влез во евро-атлантските асоцијации“, се вели во реакцијата

За вечерва, тие најавија собир кај Даут –Пашин амам, на кој на амбасадорите на ОБСЕ ќе им прикажат ексклузивни видео записи од полициската бруталност кај паркот кај „Бристол“, а ги повикуваат сите граѓани да им се придружат и да ја дадат својата поддршка

На новинари денеска пред паркот кај Бристол им беше забрането да фотографираат, а на екипата на НОВА и беше избришан видео материјал. Има ли право полицијата да спречува снимање и бришење на видео материјали од новинари!?