Browsing: ПОЛИТИКА
Денеска во Центар уште еднаш се употреби демографска интервенција со што беа донесени граѓани од Пустец, како и граѓани од Велес, Струмица, Кавадарци и скопските општини Аеродром и Бутел
Пред малку на прес конференција Илија Димовски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ им ја честиташе победата во Центар на СДСМ
Според досега пристигнати податои во ДИК, Владимир Тодоровиќ има освоено 9561 гласови, а кандидатот на „Сојузот на иднината“ Андреј Жерновски освоил 10 954 гласови.
Пред општинскиот штаб на СДСМ во Центар започна славењето на победата на Жерновски.
Неколку стотици поддржувачи и симпатизери на опозицијата скандираат и пеат: Центар не Пустец!
Андреј Жерновски е новиот градоначалник на Центар, објави пред малку СДСМ. Според пребројани на 90 проценти од гласачките ливчиња тој има предност од над 2.500 гласови пред досегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ
Демократската партија на Албанците, вечерва во Струга прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник Зијадин Села на повтореното гласање што се одржа денеска на девет избирачки места
СДСМ прогласи победа во Центар според досега пребројаните гласачки ливчиња од гласачки места, каде кандидатот на „Сојузот за иднината“, Андреј Жерновски води наспроти досегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ
При известување на НОВА на избирачкото место во Дом на Градежници, беше физички нападната новинарка од нашата екипа од страна на две лица: гласач и член на избирачкиот одбор, при обид репортерката да направи обид за видео- запис на гласачи-жители од Пустец
Вандализам и лажна политичка пропаганда забележее жителите на скопската населба Капиштец, кои денеска требаше да излезат на гласање за градоначалник на Центар
Сите 78 избирачки места во четирите општини каде што денеска се гласаше вториот круг од локалните избори и беше повторено гласањето во 19 часот се затворени, информираат од ДИК
Млади луѓе ги чекаа гласачите од Пустец и ги спроведуваа до местата каде требаше да ги соберат возилата кои ги разнесуваа на гласање. Бегајќи од новинарите, луѓето се вртеа во круг низ центарот на градот
Флаерите се практично идентични со оние од изборната кампања на таа партија, кои повикуваа излегување на гласањето за одредениот кандидат на партијата
