Browsing: ПОЛИТИКА

На партиски набљудувачи попладневно им бил одземен видео материја кај Петровец од страна на Алфите, во близина на наплатната рампа на влезот во Скопје, изјави за НОВА член на една партија, чиј видео запис е земен

Тензиите околу гласачките места кај Дом на градежните растат во попладневните часови, наводно поради очекување на бран гласачи од Пустец, Албанија, кои и минатиот круг на гласање предизвикаа сериозни сомневања за демографска интервенција во општина Центар

Излезноста на ниво на цела држава до 13 часот е 33,41 отсто, додека на ниво на Град Скопје правото на глас го искористиле 33,88 отсто од гласачите, информираат од Државната изборна комисија

На гласачко место 2802 во општина Центар, позади параванот за гласање забележана е испишана парола против одредена политичка партија. По реакција на еден од гласачите, ИО го покрил натписот со хартија по што гласањето продолжило

Гласачи од ул. “Васил Антевски” и “Васил Стефановски” во Центар не им се дозволува да гласаат, иако во претходните два круга биле запишани на избирачкиот список и уредно гласале. Во 2856 се гласало без проверка на УВ лампа

Екипата на НОВА пред помалку од половина час во просториите на Фудбалскиот сојуз во Центар го регистрираше жителот на Пустец, кој стана популарен на социјалните мрежи на изборите во вториот круг, заради тоа што не го знаеше своето место на жиевење

НОВА дознава: Во Центар организирано се носат гласачи од Пустец, Велес, Кавадарци, Струмица и други две скопски општини. Во моментов, во Домот на Градежниците во Центар е американскиот амбасадор Пол Волерс

Излезноста во Центар е видливо помала од претходните кругови на гласање во првите часови на денот на прегласување. Неколку граѓани дадоа примери за тоа дека биле збунети од флаерите со лажен датум на прегласување

Невладината ЦИВИЛ излезе со информација дека на нивен член, воедно член на изборната комисија на гласачкото место 2849 во 8:30 часот, бил попречен во мониторингот, со образложение дека нема посебно овластување од Цивил