Browsing: ПОЛИТИКА
Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ евидентирале непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица, прекин на гласањето во Бутел, случаи на семејно гласање во Струга
Во “Домoт на градежниците” во Центар, на две избирачки места членовите на ИОК пријавиле нерегуларности- гласачи од Пустец, после што дошла полиција, јавуваат за НОВА извори од избирачките одбори
Во Битола е можно прекинување на гласањето заради поројните дождови, јавува ТВ Тера. Претседателот на ОИК Зоран Насев, изјавил дека чекаат став на Државната изборна комисија, за тоа дали ќе биде прекинатото гласањето на три избирачки места во Битола
Информации кои што пристигнуват од речиси сите избирачки места во општина Центар говорат дека во последните два часа од гласањето евидентно е организирано „излегување“ на фантомските гласачи од Пустец, информираат за НОВА од една политичка партија
Не сакам да предвидувам, но мора внимателно да ја проследиме ситуацијата со оглед на големиот број наводи од учесниците дадени пред самите избори за што ќе треба да оформиме мислење, рече Аренс
Секторот за внатрешни работи од Охрид регистрирал две прекршувања на изборниот процес: приведен е еден албански државјанин, кој се обидел да гласа и отстранет е еден набљудувач
Кандидат за градоначалник на Ресен поднесе приговор до ДИК, МВР и ОБСЕ за насилни притисоци врз гласачите, како и жители од Мала Преспа со автобуси на кои им се делат прехрамбени продукти за да гласаат. За НОВА изјави: доаѓаат конвои од Мала Преспа за да гласаат
Одѕивот на гласањето во вториот круг од локалните избори до 13 часот, според ДИК, е 24,44 отсто, а на гласање излегле 259.059 граѓани
Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ од почетокот на гласањето за вториот круг на локалните избори, што се одржуваат денеска, евидентирале неправилности со прекин на гласањето, случаи на семејно гласање
Камерата на НОВА регистрираше семејно гласање во Кочани, во избирачкото место со број 845 во ромското маало. Иако гласањето се одвиваше на очиглед на целата изборна комисија, немаше никаква реакција од надлежните
Во Кочани биле приведени шест лица на информативен разговор. Пет од нив по извршениот разговор се пуштени на слобода а едно лице е задржано во притвор
Во населбата Пролет, во ОУ “11 Октомври” се делат пари за гласање, за што бил информиран ОБСЕ, од страна на една од партиите
