Browsing: СПОРТ

Македонскиот интернационалец погоди во ремито (2:2) на гости кај Интер Запрешиќ во последното коло од есенскиот дел на сезоната во хрватската Прва лига

„Сините“ на Антонио Конте славеа кај Сандерленд со 1:0 и сега имаат плус 6 на врвот на табелата. Стрелец на единствениот погодок на „стадионот на светлината“ на англискиот североисток беше Фабрегас во 40 минута. Победи и на Јунајтед, Сити, Ливерпул и Тотенхем

„Металците“ загубија на гостувањето на кај Гран Канарија со 87:75 (по четвртини: 29:17, 17:23, 26:18, 15:17) во последното осмо коло во групната фаза и без ниту една победа се простија од натпреварувањето за оваа сезона

Менаџерската функција не е непозната за Италијанецот. Досега ги водеше Вест Хем и Вотфорд, а во летниот период беше кандидат за кормилото на премиерлигашот Хал сити. Деби во новата средина се очекува во сабота против Брајтон на домашен терен

Резиденцијалниот објект има 14 спални, 27 тоалети и бањи, куглана, берберница, кино, винска визба, теретана, солариум, фризерски салон, салон за масажа, музеј за кукли, паркинг за 100 автомобили. Во дворот има базен, терен за тенис и мини игралиште за фудбал. Викторија ќе добие модна патека, а најмалиот син Круз – музичко студио