Browsing: КОЛУМНА

Обидите за духовитост завршуваат со изнасилени демонстрации на евтин и приземен, „народски“ хумор. Неизбежната политичко-пропагандна нота, која последниве години стана составен дел од сите филмови кои ги финансира државата, се појавува и овде, во не толку дискретни (некој би рекол и перфидни) моменти

Во деновите кога се појавија бројни примери за бескрајно затапувачки па и фашизоидни содржини од македонските учебници за основно и средно образование, пренесуваме одломка од романот „Младина без бог“ од Еден фон Хорват напишан 1937 година. Оваа славна книга предупредува на опасностите од сериското креирање сурови малограѓани кое води кон тоталитарна дехуманизираност и институционално злосторство

Професорот Јове Кекеновски преку својата ФБ страница му се обрати на премиерот Груевски:
До кога Вашиот министер за финансии Ставревски ќе си дозволува со месеци наназад на голем број граѓани навреме да не им ги исплатува одработените и чесно заработени пари кои минуваат преку трезорската сметка?.

Очајната скопска интелигенција ги искористи сите демократски форми на протест, и ништо не помогна: целиот град го населиле со своите аматерски бронзени скулптури приучена скулпторка, нечија сопруга, сестра или љубовница

Радоје Домановиќ: Слушателите, бледи, со испиено лице, со тап, матен, речиси бесвесен поглед, со рацете под појасот, како да оживеаја при овие мудри зборови. Секој веќе си се замислуваше себеси во некаков волшебен рајски предел каде што мачната и тешка работа се плаќа со богата жетва

Станковиќ: Во држава како Македонија, како веќе да нема логика да се бае за слободата, за општествената солидарност, за уметничкиот дух што, нели, планини поместува, за местото на културата во општеството, за општествениот активизам, за убавата страна на животот…

Сашо Орданоски: Македонија под повеќегодишниот популистички апсолутизам на ДПМНЕ сѐ повеќе наликува на општество уредено според правилата на тоталните институции.Сите сме собрани на едно место, под една и неспорна власт, онаа на фамилијата. Ако не сте дел од фамилијата, дозволено е да ја носите униформата и да бидете исто третиран како и останатите во униформа.

Никола Гелевски: Груевизмот е идеологија и движење на чистото и незауздано насилство (токму зашто инсистира на незаузданоста, на неможноста кој било да му застане на пат, тоа насилство многу често е безразложно и манијакално)

Приказната за Ал Капоне е интересна во моментов кога на секој нормален му станува нејасно како тоа Македонија е постојано со најголем раст во Европа и пошироко, а сепак и според признанието на гувернерот Богов, во последниве 5 години имаме просечна годишна стапка на реален раст на БДП од само 1,5%. ( со овааа стапка ни требаат над 40 години да го достигнеме европскиот просек на БДП пер капита, под услов Европа да има за цело тоа време нулта стапка на раст, односно да не чека

Хелсиншки Комитет: Начинот на приведување на сите судии и останати вработени е шокантен и намерно медиумски покриен, со што се повторуваат претходните практики на МВР за јавно приведување на осомничените со медиумска експонираност, што секако влијае на презумпцијата на невиност на осомничените

Промената на власта, остранувањето на етнократската дикататура, во мигов е повеќе од нужност. Меѓутоа, немањето силна и вистинска демократска опозиција и опција која ќе биде контратежа на тоталитарниот режим, е всушност најголемиот проблем за граѓаните на земјава