Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чакаровски: Немаме релевантни показатели за квалитетот на инсулинот

0
By Менче Атанасова Точи on November 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменикот министер за здравство Гоце Чакаровски тврди дека дезинформација од новинарите и јавноста е сомнежот на пациентите со дијабетес дека одредени инсулини не им делуваат. Сепак, призна дека имало проблеми и се протнувале и неквалитетни инсулини, но во иднина вети дека тоа нема да се случува. Тој им вети на дијабетичарите дека ќе се заложи во име на Министерство за здравство и во свое лично име да се расчистат сите недоразбирања и да се види дали дијабетичарите користат неквалитетни инсулини.

„Сега примаат квалитетни инсулини. Но, работата е во тоа што има и во јавноста и кај новинарите и кај сите некоја дезинформација, а тоа е така затоа што немаме релевантни показатели за квалитетот на инсулинот. Ќе ни дозволите во наредниот период да ги доставиме релевантните показатели од лаборатории. Тоа не значи дека немало проблем, не значи дека не се протнувале и неквалитетни инсулини, но во иднина се надевам дека тоа нема да се случи“, изјави Чакаровски.

Според него инсулинот минатиот месец доцнел заради пречки во транспортот поради што многу пациенти останаа инсулин за што НОВА веќе пишуваше.

Минатиот месец имаше засилена инспекциска контрола при што Агенцијата за леково детално ги проверувала сите серии на инсулини кои ги носат дистрибутерите.

„Ќе се потрудиме во иднина редовно да добиваат квалитетен инсулин. Денес сум тука да го потврдам тоа“, изјави Чакаровски.

И Бојан Киров, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија смета дека проблемите со инсулинот се наследени од претходно и  рече дека се надева дека проблемите со недостаток на инсулин и сомнежите за исправноста на инсулините ќе се надминат. Тој нагласи дека ја подобриле комуникацијата со надлежните и и ги определиле правците за подобрување на состојбата.

„Тоа се наследени проблеми и надлежните институции ветија дека ќе решат, како и сомнежите со квалитетот на инсулините од паралелен увоз. Да се види дали влошувањето на здравствена состојба на пациентите е од терапијата или од болеста“, изјави Киров.

Во моментов во Македонија околу 190 000 луѓе со дијабетес. Од нив 40.000 се на инсулин, останатите 150 000 примаат таблети. Околу 5000 од нив се со дијабетес тип 1. На клиниката за ендокринологија велат дека бројот на пациенти расте постојано. Се зголемува бројот и на деца со дијабетес, а секој месец се дијагностицира кај едно до две деца.

„Бројот на пациенти се зголемува секој ден. Ние треба да работиме на мерки за зачувување на нивното здравје. Ова особено на бремените жените со дијабетес кои во 70 до 80 проценти можат да си помогнат со менување на начинот на исхрана“, рече Саша Јовановска Мишевска, директорка на Клиниката за ендокринологија.

Инаку дијабетес од тип 1 се добива генетски и овие пациенти се зависни до крајот на животот од инсулин. Дијабетес од тип 2 се добива како резултат на лоши животни навики и храната богата со шеќери. На Светскиот ден на дијабетесот беше потенцирано дека треба да се работи на превенција бидејќи дијабетесот од тип 2 може да се превенира со подигање на јавната свест за стекнување на здрави животни навики.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.