Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ

0
By Sashko on September 7, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ги поздравувам сите чекори на вашата земја за приближување кон Европската Унија (ЕУ). Словачка, која мина низ тој процес, ќе продолжи со континуираната, несмалена поддршка. Потребни се големи напори и политичка храброст. Подобрувањето во јавните институции и услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува, порача претседателката на Словачка, Зузана Чапутова по денешната средба со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски.

На заедничката прес-конференција со Пендаровски, Чапутова истакна дека во овој момент енергетската криза е најголемиот проблем поради што треба да се наоѓаат најдобрите и најефикасни решенија за негово надминување. Притоа, напомена дека Словачка нема да остпаи од амбициите за „зелена транзиција“.

Чапутова и Пендаровски, како што соопштија, разговарале за интензивирање на економската соработка, како и за унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои и науката и културата.

„Пред неколку месеци, за среќа, преговорите беа почнати, а очекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ. Словачка постојано ги поддржува вашите напори за пристапување и подготвени сме да ги споделиме сите наши искуства во тој дел. Ние го минавме тој пат, но подобрувањето во јавните институции, услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува. Многу работи не врзуваат, имаме одлични билатерални односи и заедничка историја“, рече Чапутова.

Таа посебно ја поздрави позицијата на Северна Македонија во однос на руско-украинскиот конфликт.

Петседателот Пендаровски се заблагодари за „постојаната и гласна“ поддршката на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател. Оваа посета, истакна шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.

„Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, не поддржуваше во сите ситуации. искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како еден од движечки сили на Вишеградската група“, потенцира Пендаровски.

Чапутова и претседателот Пендаровски по заедничката прес-конференција ќе заминат во црквата „Св. Спас“ и ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

За словачката претседателка напладне ќе биде организиран пречек на платото пред Владата каде ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, неговите заменици и други владини претставници. Чапутова и Ковачевски потоа ќе имаат билатерална средба.

Претседателката на Словачка која престојува во дводневна официјална посета на земјава, утрово беше пречекана со највисоки државни и воени почести, по што следуваше тет-а-тет средбата со домаќинот, претседателот Пендаровски, а се одржа и пленарен состанок на делегациите од двете земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.