Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чекорење пред огледала: Eтиката на еден семкар за моралниот компас на возрасните

0
By Zoran Ivanov on August 16, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 16, 2026 08:07

Највисоката форма на морал е да постапуваш исправно кога никој не те гледа. Кога фрлате отпадок на јавно место каде што нема камери, со тоа што Вашата сопствена совест знае што правите, Вие треба да почувствувате срам пред самите себе. Укажувањето на грешките на другите на улица честопати завршува со одбранбена агресија во нашето општество, што значи дека битката не се добива со улични расправии, туку со системско менување на свеста.

M-р Славе Младеновски, социолог и медијатор

Филозофијата на поединецот во заедницата мора да биде насочена со емпатија, солидарност и хуманизам спрема послабите, старите, немоќните и болните лица.

Вовед: Лекцијата на уличниот трговец

На една од моите неодамнешни обуки за наставници и родители, на учесниците им поставив една едноставна, но суштински подлабока социјална дилема од секојдневието. Еден маалски продавач на апетисани (во разговорен македонски јазик познат како „семкар“) набавил килограм семки од тиква. По подготовката, сфатил дека квалитетот е исклучително лош, а вкусот сомнителен и горчлив. Распнат меѓу деловната алчност да не ги изгуби парите и стравот да не биде фатен, тој се наоѓа пред дилема: Дали вкупното количество од 1000 грама расипани семки да му го продаде на еден купувач или да ја „разводни“ измамата и да ја продаде на десет купувачи по 100 грама?

Одговорите на моите слушатели – кои не се препродавачи на пазар, туку високообразовани профили, наставници, новинари и вработени во јавниот сектор – речиси рамномерно се поделија меѓу двете опции. Едните сметаа дека е подобро да настрада еден човек, зашто така штетата е локализирана, а другите тврдеа дека со помалку грами измамата полесно ќе помине без јавен скандал. Речиси никој од оваа интелектуална публика не го понуди најочигледното, хуманистичко решение: ‘Фрли ги семките во канта, прифати ја загубата и заштити го сопствениот образ. Единствената личност која уште пред крајот на приказната реагираше, а која не е слушател на предавањата, беше една постара жена, практичен трговец од зелениот пазар, чиј секојдневен опстанок зависи исклучиво од довербата на муштериите.

Оваа вежба го отвора клучното прашање за нашето општество: Зошто луѓето кои секојдневно работат со „живи луѓе“ и го образуваат или информираат народот, толку лесно прифаќаат лоши компромиси со сопствениот морал, сметајќи дека за еден обичен трговец е „разбирливо“ да биде измамник?

Четирите коефициенти како алатка за социјално созревање

Во современата социјална психологија, умот на личноста одамна не се мери само преку Коефициентот на интелигенција (IQ), кој претставува само суво познавање на факти, закони и математички пресметки. За да разбереме како се развива карактерот, мора да воведеме три дополнителни столба на интелигенцијата. Првиот е Емоционалниот коефициент (EQ), кој го дефинира нивото на емпатија и способноста да се почувствува туѓата болка. Вториот е Социјалниот коефициент (SQ), кој ја мери нашата вештина да градиме одржливи мрежи на пријателство врз база на доверба. Третиот е Коефициентот на соочување со тешкотии (AQ), кој претставува психолошки штит што одредува како поединецот или заедницата реагираат кога ќе се соочат со криза или неволја.

Кога „семкарот“ од приказната ќе одлучи да ја примени најчестата човечка, но етички најдеструктивна опција – да ги измеша расипаните семки со свежи во сооднос 20% спрема 80% – тој го прави тоа за да ја смири сопствената совест. Тој се лаже себеси дека најголемиот дел од стоката е добра, а купувачот, кога ќе налета на горчливо зрно, ќе помисли дека е „случајна грешка во природата“. Ова е класичен пример на низок EQ и SQ, но висок, ладен, профитерски IQ.

Парадоксот е во тоа што врвната морална лекција во оваа вежба доаѓа тогаш кога ќе се воведе хуманистичката алтернатива: семкарот да ги однесе тие семки дома, за своето семејство, или да ги подари на посиромашни роднини со јасно укажување како термички да се обработат за да се направат безбедни за јадење. Во тој момент, еден неформален, необразован уличен продавач држи лекција по применета етика на наставници, новинари и големи бизнисмени. Тој докажува дека финансиската загуба исчезнува кога ќе види дека со својата чесност направил луѓе среќни.

Продавање „расипани семки“ во јавниот сектор, медиумите и образованието

Вистинскиот фокус на оваа дилема не е уличниот трговец. Тој е само огледало во кое мора да се погледнат оние што го водат и воспитуваат нашето општество. Денес, сведоци сме на една загрижувачка социјална комотност кај професионалците кои се заштитени зад институционални паравани.

  • Кога еден бирократ во јавниот сектор, наместо за законските 15 дена, му го праќа одговорот на Граѓанинот по 30 дена, тој му продава „расипани семки“.
  • Кога еден новинар или медиум ќе објави сензационалистички текст без воопшто да ја праша другата страна, со што јавно ја клевети и ја урива нејзината репутација, тој на пошироката јавност ѝ сервира горчлив и отровен производ.
  • Кога еден наставник ќе примени иста, радикална казнена мерка спрема различни ученици, без притоа преку својот EQ да ги процени нивните лични особини – изложувајќи го едното дете на остра јавна критика и прозивање пред цел клас, што може трајно да го скрши неговиот AQ – тој наставник свесно ја контаминира училишната средина.

Сите личности — родители, наставници, новинари, социјални работници, судии и други кои се повикани да вршат директно или индиректно воспитување — треба да бидат свесни дека очите на оние кои ги воспитуваат се всушност огледала од кои не можат да се скријат кога се однесуваат спротивно од она што го зборуваат. Секоја запалена цигара во просторија во која тоа е недозволено, е евидентирана не од пластичната кутија на плафонот во канцеларијата, туку од младешките очи или очите на колегите. Само со еден чад од цигарата може целосно да се урниса и најбрилијантната теорија или предавање за доброто однесување. Ова однесување се случува затоа што возрасните во овие системи веруваат дека социјалната средина нема да забележи бидејќи „мнозинството од нивната услуга е добра“. Тие ја применуваат истата онаа „мешана“ опција на семкарот, разводнувајќи ја сопствената неодговорност низ системот.

Вработените во области, како што се образованието, социјалната политика, здравството и други што го имаат како предмет на својата професионална определба воспитувањето и образованието, разбрано како систем на социјализација, континуирано учење најдобро ја извршуваат својата работа ако тоа го прават преку личен пример. Секој случај на поединецот што го решаваат кога се обраќа до нивната соодветна институција треба да го тестираат „на своја кожа“, што во ниеден момент не значи дека со тоа се крши законот. Напротив, истиот закон, како што се применува за граѓанинот, важи и за вработениот од тие институции. Разликата во однесувањето укажува на моралот и на вредностите што ги поседуваат личностите од надлежните органи со цел реално и коректно да им помогнат на луѓето што им се обратиле за помош. Нашата заедница не ја карактеризира град со 10 милиони жители и три милиони туристи и огромен капацитет на меѓусебни интеракции меѓу луѓето. Станува збор за локални средини од неколку илјади жители со две или четири училишта од различно ниво на образование, со неколку амбуланти или клиники и подрачни единици на центри за социјална работа и со уште неколку надлежни државни институции. Тоа говори дека луѓето се препознаваат, често се роднини или соседи и секое однесување, особено ако е насочено негативно спрема друга личност добива голема „популарност“. Однесувањето на семкарот што сака да ја намали штетата преку првите две опции не треба да биде модел на однесување на секој жител во локалната средина бидејќи со несоодветното однесување прави штета на своите деца. Филозофијата на поединецот во заедницата мора да биде насочена со емпатија, солидарност и хуманизам спрема послабите, старите, немоќните и болните лица. Овој циклус на добрина и етика е карактеристичен само за човекот, иако може да се „најдат“ примери и кај некои животни. Имено, ако поединецот го дава на другите луѓе тоа што го има повеќе од нив (емпатија, солидарност и хуманизам), секогаш ќе го има, затоа што ќе го добива од другите кои го имаат повеќе од него. Во време на речиси целосно дигитално општество, со ништо не се негира стекнатото знаење во односите со луѓето. Ова знаење, како и професионалното знаење во развојот на личноста имаат непроценлива вредност и цената што се платила индивидуата за него е мала. Примената на овие знаења од личностите што научиле им донело поголемо „богатство“ од парите што тие им ги дале на учителите.“

Заклучок: Личниот пример и концептот „Плати однапред“

Во филмот „Плати однапред“, наставникот по социологија (социјални студии) им дава на своите ученици едноставна задача: да измислат модел кој ќе го направи светот подобар и да го спроведат во дело. Малиот Тревор смислува систем, каде што наместо да му вратиш на оној што ти направил услуга, ти треба да направиш големо добро дело на три други непознати лица, кои потоа геометриски ќе го шират синџирот на хуманост. Суштината на прифаќањето да се возврати на добрината од друго лице со правење добри дела на други лице не се состои во тоа пример ако имате многу пари, да им дадете на луѓе што не им требаат пари. Поддршката и помошта преку личниот пример да им се помогне на други три лица во заедницата е нешто што секој од нас може да го направи, а притоа не треба да биде ‘парајлија’ и со мисла дека само парите се тие што можат да им помогнат на луѓето да живеат подобро. На човек што има кревко здравје не му требаат „купишта“ пари, иако на прв впечаток може да се помисли дека со подарените пари може да добие најдобра здравствена нега. Илјадници луѓе во секојдневното живеење очекуваат друга личност да им подаде рака, да ги придржи или да се потпрат на некого затоа што се немоќни или слаби и тоа во буквална смисла на зборот. Речиси е поразително сознанието кога гледам и никој не реагира со соодветно однесување да му помогне на лице во количка што сака да влезе или да излезе од автобус. Потоа никој не сака да се заинтересира кога ќе види дете на возраст од 10 години како ризично претрчува улица со слушалки на главата и да го „подучи“ дека безбедноста е најважна работа во животот.   Возрасните го вртат погледот пред асоцијалното однесување на постари младинци во парковите што уништуваат имот или се изживуваат врз животни, со образложение на својата совест дека тоа не се нивни деца или тоа не е нивни имот.

Ако сакаме подобро општество, мора да сфатиме дека промената започнува исклучиво на лично ниво. Мора да воспоставиме внатрешен критериум кој е неколку пати построг од она што го очекуваме од другите луѓе. Највисоката форма на морал е да постапуваш исправно кога никој не те гледа. Кога фрлате отпадок на јавно место каде што нема камери, со тоа што Вашата сопствена совест знае што правите, Вие треба да почувствувате срам пред самите себе. Укажувањето на грешките на другите на улица честопати завршува со одбранбена агресија во нашето општество, што значи дека битката не се добива со улични расправии, туку со системско менување на свеста.

Само кога сите фактори во заедницата – родителите во домовите, наставниците во училниците, новинарите во медиумите и политичарите на говорниците – ќе започнат да свират на различни инструменти, но иста созвучна композиција, пронаоѓајќи го заедничкиот „диригент во умот“, дури тогаш околу нашите млади ќе изградиме реален социјален штит. Здраво општество на поединци не се гради со дефетизам, анемичност и апатичност и со примери за асоцијално однесување, туку се гради тогаш кога на луѓето им се понудени развој, перспектива и визија со соодветни позитивни примери на човековото однесување. Овој процес започнува и завршува преку личниот пример што претставува единствената валута која никогаш не може да девалвира кога се гради хуманистичко добро за заедницата.

Компас морален славе мнладеновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.