Довербата драстично е опадната во сите земји од Западен Балкан, тие земји веќе и како да не очекуваат каква било помош од ЕУ и се бават со своите проблеми во кои тонат, вели заменик-директорката на влијателниот невладин центар – Европски совет за надворешни односи, Весела Черневано.
Таа смета дека сепак, кога Македонија и Албанија ќе започнат преговори со ЕУ, дека целата клима на односите со Унијата ќе се промени.
Според Чернева, проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, не само што се сопна, туку се врати назад. Таа во интервју за Бугарското национално радио вели дека земјите од Западен Балкан потонале во сопствените проблеми, а евроинтеграциите престанале да бидат катализатор за реформи и стимулатор за политичарите.
Како што пренесува МИА, Чернева учествува на белградскиот безбедносен форум, на кој била коментирана улогата на Бугарија на секоја средба на многу негативен начин во врска со бугарското вето, кое ги спречи Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ.
Таа предвидува дека акумулацијата на критичните точки на Балканот, особено околу српските заедници, може да стане проблем, наведувајќи ги како пример тензиите во Босна и Херцеговина кои растат во последните месеци и кои може да кулминираат за две недели.