Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Честит Конгрес, СДСМ

0
By Биљана Секуловска on March 20, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никаква штета не е што нема уште еден кандидат за претседател на СДСМ на утрешниот Конгрес. Нема опасност од никакви заплети, пресврти и земјотреси, никакви ранети партиски војници, исплашени за својата судбина, не се прогнозираат апостоли, маченици, ниту пак џелат надвиснат над лидерот, кој би ја отсекол папочната врвца и би се одвоил, со скриени нови мечови, за нови, политички одрубувања.

Тоа што нема друг кандидат освен Заев подразбира секако дека светот нема да пропадне засега, статуите нема да заплачат со крвави солзи, дрвјата нема да се отцепат од земјата за да треснат некоја полтронска партиска глава, нема да не покоси разорувачки метеор во кој ќе ги снема партиските политички џуџиња, се ќе остане тивко, мирно, заспиено и жалосно, без демократски потенцијал.

За сево ова, ќе мора некогаш да размислат членовите на СДСМ- зошто некои, оние ретките, способните и квалификуваните, изгубиле секаква желба да ја продолжат битката, но не со нивниот лидер, ниту за партијата, пред се за себе, за сопствените амбиции за подобра иднина на земјава.

Што во меѓувреме станало труло и ужасно разочарувачки за сите нив, што се влечкаат и едвај се задржуваат, за да не се струполат. Зошто не можат да се соочат со вистината, болна и сурова, за копнежливо да почнат да се сеќаваат на подобрите времиња, кога се беше далеку похрабро и посилно.

Кога можеше да се проговори гласно и да се бара да се стави крај на ароганцијата, беснеењата, оние денови на камшикарство, за кои Заев само се закануваше и никогаш, барем симболично не ги реализираше, кога стануваше збор за луѓето од неговата партија. Ним функцијата одамна морала да им биде забранета, за да им се дозволи да ги живеат своите соништа, во нејзино циментирање.

Затоа, се додека гласно не проговорат за сопствената свесност за некадарноста, неспособноста, немањето срам, моралните вредности, се е јалово и безнадежно. Да прашаат гласно, за да грми, за далеките патувања во време на пандемија на оние кои се колнеа дека сите сме заедно во ова, за веднаш потоа да ни го свртат грбот и да заминат на одмор во Мексико и Дубаи. Рашковски и Љупчо Николовски можеби заборавиле зошто политиката на крајот изгледа како црвосано јаболко, ако не се внимава кога се берат плодовите како да се постапува со нив, со каква внимателност, со колкава покорност.

Но, на крајот од денот, светот никогаш нема да ги заборави здравствените работници, кои буквално не можат да стојат повеќе, многумина и ги жртвуваа своите животи, во оваа војна со пандемијата. Притоа, избегнувајќи ги своите најблиски, со кои се обидуваат воопшто да немаат контакти, за да ги заштитат, барем минимално. Со нив, со своите најмили, секако дека можеа да ги спакуваат набрзина коферите и да отпатуваат некаде далеку, во Мексико или Дубаи, на сончев одмор, да лутаат безгрижно низ песочните плажи, да ни испраќаат весели разгледници оттаму, додека короната беспоштедно не истребува, еден по еден, додека сосема не не докрајчи.

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.