Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири месеци пред да почине, Фондот ѝ пресудил на Тамара

0
By Менче Атанасова Точи on March 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири месеци пред почине малата Тамара Димовска, Фондот за здравство ги стопирал сите операции на деца кои требало да бидат пратени во странство поради деформитет на рбетниот столб. НОВА дојде до документот со кој Фондот ги известува Клиничките конзилиуми и двете лекарски комисии, првостепената и второстепената дека „не треба да издаваат предлози за лекување во странство за искривување на рбет бидејќи болеста не бара итност, односно не е акутна.

„Осигурениците кои во моментот или во периодот од следните два до три месеца имаат или ќе имаат потреба од изведување на ваков вид на интервенции истите соодветно ќе бидат третирани и планирани за лекување во новиот Спинален центар“, се вели во дописот од Фондот.

Со овој документ се потврдува изјавата на Аспазија Софијанова дадена за НОВА, каде таа рече дека наредбата дошла од „горе“.

Нема одговор од Фондот за здравство зошто се ветувало лекување во странство на малата Тамара Димовска, кога документот е испратен четири месеци пред таа да почине.

Дали со ова изгубило драгоцено време за деветгодишното девојче, за да се добие во време, да се отвори и промовира новиот Спинален центар. За овој центар никој знае каде се наоѓа ниту кој оперира таму бидејќи нема лекари кои оперираат комплицирани деформитети на рбетниот столб во Македонија.

Дали оваа нередба доаѓа директно од Фондот или од Министерството за здравство како креатор на политиката во здравството и зошто досега ова се криеше од јавноста?

Од каде стигнала наредбата не одговорија ниту од Министерството за здравство.

Дали овој документ ги амнестира лекарите од двете комисии во Фондот за здравство, кои долго време не даваа зелено светло за девојчето да може да се оперира во странство. Мајката на Тамара, Жаклина Димовска со солзи во очите изјави дека институициите предвеме одлучиле за живото на Тамара.

„Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина. Со овој документ се докажа дека цела држава си играла со животот на Тамата. Иако министерот Тодоров вети дека ќе се лекува во странство и до последен момент наводно бараа клиника каде ќе се оперира, тие всушност предвреме одлучиле дека нема да се лекува во странство“, изјави за НОВА мајката на Тамара, Жаклина Димовска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.