Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири месеци условна казна за таткото на кавадаречкиот градоначалник

0
By Менче Атанасова Точи on July 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На условна казна од четири месеци е осуден Перо Панов, татко на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов. Таткото на кавадаречкиот градоначалник е обвинет, откако неговиот сограѓанин Методи Милков му поднесе тужба за нанесување на тешка телесна повреда, кога во декември лани, Перо Панов прво го претепал со дршка од пиштол Методи, а потоа со пиштол му се заканувал и на неговиот брат Панче. Браќата Милкови не се задоволни од пресудата и најавија жалба до Апелациониот суд.

-Не сме задоволни, ова е преблага казна за ваква повреда. Сметам дека Судот е пристрасен, изјави за НОВА Панче Милков.

Низа контраверзи го следеа овој судски процес. Од менување на судии, до судење зад затворени врати. Сведоците беа преплашени и како се ближеше времето за судење или се предомислуваат или лажно сведочеа велат браќата Милкови. Тие се сомневаат во пристрасност на судот, бидејќи за кратко време се смениле двајца судии. Првично му бил доделен на поранешниот председател на судот Лазар Нанев, но подоцна тој е сменет.

Се почнало кога постариот брат на Панче, Методи Милков бил пресретнат од таткото на актуелниот градоначалник, кој му се заканувал, велејќи дека ќе го снајде ќотек заради некогашни нерасчистени долгови. Притоа во вербална расправија Панов крвнички со рачката од пиштолот го ударил по главата, додека не прокрварил. Методи Милков и претходно на двапати добивал закани од тaткото на актуелниот градначалник.

– Јас и мојот брат сме едни од основачите на ВМРО ДПМНЕ, со членски книшки од 1990 година. Но, во последно време не се согласуваме со политиката на власта, која ги раскара и подели луѓето. Тоа често и го кажувам на трибините кои ги организира ВМРО ДПМНЕ во мојот град. Но, тоа не им се допаѓа на актуелниот градоначалник и на неговиот татко, па на ваков начин ни се реваншираат и мене и на брат ми, рече Методиј Милков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.