Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност за домаќинствата

0
By Нова ТВ on August 7, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови четири милиони евра се достапни од ЕБОР наменети за инвестиции во зелена енергија. Средствата ќе се пласираат преку Охридска банка АД Скопје, а ќе поддржуваат подобрување на енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе помогнат во намалување на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Финансирањето е од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ), а средствата ќе бидат понатаму позајмени за поддршка на инвестициите на домаќинствата во зелени технологии, материјали и мерки како што се бојлери, прозорци и осветлување.

Во соопштението се оценува зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.

Охридска Банка АД Скопје е долгогодишен партнер на ЕБОР, лидер на пазарот на зелени резиденцијални проекти во Северна Македонија.

Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) за Балканот во износ од 85 милиони евра, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ). Имплементацијата  е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (РПЕЕ ЗБ плус), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница. ППЕЕ ЗБ Плус има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасносот за зградите, согласно релевантните Европски директиви.

ЕБОР до сега има инвестирано над 1,9 милијарди евра во над 110 проекти во земјата.

– Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата. Главниот град на Северна Македонија, Скопје неодамна се приклучи на иницијативата ЕБОР Зелени градови, стои во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.