Во Бронкс во Њујорк утринава дојде до несреќа на воз кој искочи од своите шини. Пет вагони од возот се превртеа а локалните медиуми јавуваат дека 4 лица го загубиле животот.
Телевизијата НБЦ најави дека покрај четирите загинати има и 48 ранети од кои 11 се во тешка состојба а локалните власти засега не даваат биланс за несреќата.
На местото на несреќата се испратени бројни екипи за помош.
Несреќата се случила во 7 и 2 часот по локално време. Возот излегувал од градот Пугкипси на северот на Њујорк и требало да стаса на главната централна станица на Њујорк пред 8 часот. Возот искочил од шините во една кривина.
Возниот сообраќај е прекинат на неодредено време.
Фотографиите покажуваат дека вагоните кои изглеге од шините завршиле во полето блиску до реката Хадсон.
Овој викенд е дел од празникот Тенксгивинг кога многу Американци ги посетуваат своите семејства и патуваат.