Полицијата уапси 32-годишен маж под сомнение за обид за убиство, откако тројца мажи и еден полицаец беа избодени со нож во една џамија во Бирмингем, јавува Би-Би-Си.
Полицијата била повикана во џамијата Вард Енд, во околу 23:00 часот синоќа.
Во соопштението, полицијата вели дека тројца мажи биле пронајдени со повреди од прободување. Додека полицијата го уапси човекот, еден полицаец исто така беше ранет. Сите четворица повредени се во стабилна состојба во болница.
Полицијата спроведува патроли во областа, во обид да ги смири локалното население, изјави портпаролката на полицијата.
Мохамед Шафик, лидерот на националната муслиманска организација на Рамадан Фондацијата, рече дека неговата мисли се со повредените и нивните семејства