Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четворица починале од ковид-19 за едно деноноќие во штипската болница, тројца не биле вакцинирани

0
By НОВА ТВ Balaban on November 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само за пет дена во ковид – центарот битката ја загубија 13 пациенти, додека во рок од две недели вкупно 20, а 80 отсто од починатите се на возраст од над 60 години и се од речиси сите градови во брегалничкиот регион.

Четворица пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипскиот ковид центар. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска, информира дека двајца од пациентите се од Радовиш на возраст од 72 и 73 години, а другите двајца од Штип на возраст од 78 и 79 години. Пациентите имале и други здравствени проблеми, а тројца од нив биле и невакцинирани.

Инфектолозите велат дека есенскиот бран на делта сојот е карактеристичен што пациентите им доаѓаат во исклучително тешка состојба и веднаш се ставаат на постојана кислородна поддршка. Во моментов зависни од кислород се 44 пациенти, а во Инфективното и Кожно одделение има слободни по четири болнички кревети.

Само за пет дена во ковид – центарот битката ја загубија 13 пациенти, додека во рок од две недели вкупно 20, а 80 отсто од починатите се на возраст од над 60 години и се од речиси сите градови во брегалничкиот регион.

Во штипскиот вакцинален пункт за четири дена со прва доза се вакцинирале вкупно 135 граѓани. Координаторката на вакциналниот пункт, Дијана Коцева-Миланова за МИА вели дека интересот за вакцинација е поголем кај граѓаните, кои ја примаат третата доза.

-Станува збор за повозрасни пациенти, кои имаат примено две дози од кинеските вакцини, но имаме и интерес за бустер дозата и од здравствените работници и вработените во училиштата и градинките, вели Коцева-Миланова.

Таа забележува дека штипскиот регион е над државниот просек, досега со две дози се имунизирани над 35.000 граѓани, а трета доза имаат примено над 3.300 граѓани.

битката ја загубија Ковид центар коронавирусот Четворица штипскиот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.