Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четворица специјализанти, медицинска сестра и шалтерски работник заразени со морбили

0
By Менче Атанасова Точи on January 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четворица специјализанти, медицинска сестра, и еден шалтерски работник се меѓу новите заразени со морбили. Еден од специјализантите бил потврден од претходно, а тројцата се нови заболени. Сите заразени со морбили се од Клиниката за детски болести, една медицинска сестра е од Институтот за белодробни заболувања во Козле. Сите имале директен контакт со заболени деца.  На Клиниката за инфективни болести потврдија дека здравствените работници биле прегледани таму и дека во моментот се наоѓаат на домашно лекување.

„ Сите здравствени работници побараа помош кај нас, прегледани се, на нив е им е пружена медицинска помош и во моментот се наоѓаат на домашно лекување“, изјави за НОВА Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.

Од кога се проширија морбилите и кај здравствени работници, надлежните одлучиле да се проверуваат вакциналните картони на тие што доаѓаат во контакт со децата. Од Комитетот за имунизација веќе дале препораки да се вакцинираат сите здравствени работници кои доаѓаат во контакт со заболени со морбили.

„ Веќе дадовме препораки за вакцинација на здравствените работници кои доаѓаат во контакт со суспектни случаи. Во понеделник Комитетот заседава повторно, по што ќе започне процесот на имунизација“, потврди за НОВА, Александра Гроздановска претседател на Комитетот за имунизација.

Инаку, последен случај на заразен со морбили  од овие неколку е здравствен работник од тетовско кој што работи во Скопје. Случајот бил забележан минатиот петок, а лицето  сега се наоѓа на домашно лекување.

Според информациите на Институтот за јавно здравје досега се пријавени 75 сомнителни случаи  со мали сипаници. По направените епидемиолошки истражувања и лабораториски резултати, 65 се класифицирани како мали сипаници.

Вкупно досега се вакцинирани 3913 лица. Во моментов на Клиниката за инфективни заболувања има 21 пациент со морбили,  а на домашно лекување се наоѓаат тројца заболени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.