Натпреварот меѓу Пелистер и Тиквеш е борба за излез од дното во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а во Битола две навивачки групи се наоѓаат на иста трибина.
„Чкембари“ и „Лозари“ се збратимени и ги бодрат милениците од иста трибина. Под Тумбе Кафе владее убава атмосфера, пред се поради присутните навивачи на трибините кои денеска со песна даваат мотивација, пишува Gol.mk.
Пелистер и Тиквеш се наоѓаат во долниот дел на табелата во ПМФЛ и до крајот на сезоната ги чека тешка битка за опстанок. Битолчани чекаат на првата прволигашка радост, додека Тиквеш победи минатото коло предводен од новиот тренер Влатко Костов.