За време на одржувањето на конвенцијата на опозицискиот Сојуз на иднината во спортската сала во Куманово повреден е директорот на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ Сашо Алче, кој бил нападнат и прободен со нож во пределот на левото рамо.
Алче е член на СДСМ и човек од доверба на актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петревски.
Од СВР Куманово ја потврдуваат информацијата и велат дека кај нив телефонски е пријавено дека едно лице е повредено.
– Полицијата ги презема сите мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, вели Валентина Николовска од СВР Куманово.