Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членови на навивачката група „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово

0
By Marija Todorovska on September 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера во Тетово, откако членови на навивачката група „Војводи“ физички нападнале двајца средношколци  од албанска етничка заедница, јавува ИНА.

Според сведоштвата на жртвите, напаѓачите прво ги навредиле тешко со навредлив јазик со етничка содржина, пред да ги удираат организирано и континуирано со тупаници и клоци.

Спред ИНА, двајцата ученици се итно пренесени во Тетовската клиничка болница. Лекарите потврдија дека едниот од нив претрпел целосна фрактура на носот, додека другиот има сериозни физички повреди, вклучувајќи скршени ребра и лева рака. Нивната здравствена состојба е пријавена како стабилна, но бара континуирано лекување.

Во меѓувреме, тетовската полиција интервенирала со апсење на дел од навивачите на „Војводи“ осомничени за учество во нападот. Меѓу уапсените има 4 лица, додека се бараат и други навивачи што учествувале во нападот.

ДУИ го осуди чинот на насилство што се случи вчера во Тетово, каде поголема група луѓе, според изјавите на повредените жртви, биле од Македонска националност и нападнале неколку млади тинејџери Албанци.

„Ова е варварски, опасен и неприфатлив чин, кој претставува директна закана за мирот во Тетово и за меѓуетничките односи во земјата. Итно бараме од органите за спроведување на законот и правдата да ги идентификуваат и казнат сторителите на овој напад во следните неколку часа. Секое одложување е еднакво на поттикнување насилство и нарушување на јавната безбедност. Ги повикуваме младите Албанци во Тетово да не потпаѓаат под провокации и да не стануваат дел од можни и опасни сценарија насочени кон дестабилизација и меѓуетнички тензии. Во исто време, јасно го кажуваме: институционалниот молк и неказнивоста на сторителите само ги продлабочуваат сомневањата за овие сценарија, ја докажуваат неправдата и им даваат поддршка на сторителите. Ова е втор пат оваа недела млади Албанци да бидат нападнати, претходно во Битол, а сега и во Тетово. Ова е алармен сигнал за сите: државата мора веднаш да реагира, бидејќи насилството никогаш нема да се толерира!“, реагира ДУИ.

И Алијансата за Албанците го осуди насилството и избрази  длабока загриженост.

Овој напад, во кој двајца малолетници беа здобиени со сериозни повреди – едниот со скршен нос, а другиот со скршено ребро и рака – е доказ за неприфатлива клима на етничка омраза и институционална толеранција кон хулиганството.

Итно бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги идентификуваат и веднаш да ги уапсат сите сторители на ова кривично дело, кои не само што ги загрозија животите на двајцата млади луѓе, туку и влијаеја на чувството за безбедност на граѓаните, велат од АА.

Навивачката група „Војводи“ претходно беше позната по својата вмешаност во етнички мотивирани инциденти, но властите сè уште не го потврдија официјалниот идентитет на напаѓачите, објави ИНА.

 Д. Т. / ЦивилМедиа 

војводи средношколци Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.