Синодот на МПЦ денеска на седница ќе го отвори прашањето за наследник на упокоениот владика Кирил, кој 26 години управуваше со Полошко – кумановската епархија.
Привремено на вонредна консултативна седница, која беше одржана на 11 јуни, за администратор беше поставен архиепископот Стефан.
Според Уставот на МПЦ упразнета епархија се пополнува со изјаснување на сите епископи од најстариот кон најмладиот, по што предлогот се дава на гласање.
Во интервјуто за НОВА (12 јуни), европскиот митрополит Пимен рече дека тој со тешко срце би се одвоил од својата епархија, која после 7 години раководење, конечно влегува во позитивно салдо.