Од извор што нема да го открие, порталот Плусинфо ќе објавува фотографии на кои се прикажани документи од соработничко досие на некогашната Служба за државна безбедност, за позната личност, која денес се смета за жртва на тајната полиција и македонски револуционер.
Во понеделник, 29 јули, порталот по електронска пошта ќе ги испрати овие фотографии до Комисијата за верификација на фактите, која спроведува лустрација на живи, но и на починати јавни личности.
Заради заштита на неговото име, сите имиња и детали поврзани со неговиот идентитет се скриени.