Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Човекот кој гo креираше Титаник

0
By Биљана Секуловска on February 13, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески се осомничени за изборни измами, за злосторничко здружување за опстојување на власт? Кому му се важни изборите? На еден Роберт Мугабе на пример. Така владее со децении.

Зимбабве е сиромашна, опустошена земја токму од нејзиниот претседател, кој ја претвори во изборен рај на денот на изборите. Знаете како изгледа тој настан? Колони на мирни, достоинствени луѓе трпеливо чекаат да дојде нивниот ред и да го заокружат името на нивниот избор.

Милиони луѓе се во прашање, кои се однесуваат како да станува збор за најнормалната работа на светот и она што е поразително е токму тоа- тие веруваат дека гласаат, дека навистина имаат избор, дека нивното пенкало функционира, како и ливчето, како и кутијата, како и пребројувањето на гласовите, како и тие самите.

Тие веруваат навистина дека се гласачи. Дека дента кога го дале својот глас, можат мирно да го пуштат вечерта телевизорот и да здивнат. Навидум, се е тоа само обичен привид.

Од 1987 година, во тој меѓупериод, од пружањето на раката да го фрли ливчето во кутијата тој обичен, просечен гласач , па се до вклучувањето на далечинскиот управувач, Мугабе без воопшто и да му се помести и најмалиот мускул на лицето, го соголил народот.

За Мугабе изборите не траат само тој изборен ден. Траат со години. Цело негово владеење.

Прочитајте ги извештаите на набљудувачите во Зимбабве, веќе одамна сте ги прочитале, верувам, и за Македонија: заплашувања, уцени, притисоци, закани, лажни податоци, лажни документи, лажни имиња на гласачи, лажни гласачи кои се веќе мртви, медиумски лаги, манипулации, бескрупулозна пропаганда. Некаде таму, во некое зафрлено студио, Мугабе ги има своите латасовци и богатиновци. Мугабе ги поседува сите и се- од гласачите, до кутиите, од црните вреќи до телефонските разговори на целиот народ.

Некаде низ ходниците на некој од гласачите, стои врамената слика на Мугабе. Илјадници километри подалеку, исто така стои една врамена слика, но на Груевски, во неговата земја.

Оваа слика Груевски го потсетува на неговите изборни победи. Не е лошо, си вели, сеќавајќи се на човекот кој владее од 1987 година. Можевме и ние така, сетно помислува Груевски, се додека не се појави оној обичен човек, тивок гласач, кој покорно стоеше во редот за гласање и не изусти ниту збор. Кога се врати дома, ја симна сликата на Груевски и ја врами својата. Којзнае зошто, сфати дека е сепак поважен за Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.