Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Човекот кој никогаш и не побегна

0
By Биљана Секуловска on February 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Теориите за бегството на Мијалков се доволно забавни и возбудливи, но секако дека најдобрата теорија од сите е онаа дека всушност тој и не избегал, што ја потврдува триумфот на правната држава и големината на Владата- господо драга, да докаже способност при најневеројатните пресврти.

Секако дека немало договор за бегство со Заев, иако оваа обратна теорија ги полни срцата на многу критичари на оваа власт, но аргументот дека договор немало, го покажува фактот дека се појави, ви соопштуваат победоносно.

Човекот кој елегантно и студено се појави пред Обвинителството, ја покажа големината на самиот систем, ќе ви кажат оние кои ги слават успесите на власта, сеедно е што притоа нема никој поим што му се случува на истиот тој, распукан по сите шавови, систем.

Сеедно што човекот кој се бараше со потерница се довлечка сосема сам, мирно и сталожено, видно изненаден од целата ситуација, кога тој, така вели, бил за цело време тука, присутен во отсуството, несвесен за катарзата на целото премалено, преморено општество, кое никогаш нема да разбере зошто воопшто постои, вакво какво што е.

Но, разберете го целиот театар на апсурдот, пред плачење се сите, такво национален липање нема, дури и  во најдобрите драми на Јонеско.

Таа таа свежина и ноншалантност на Мијалков,   апсолутно разбирлива за човек кој имал над 40 степени температура, таа детска зачуденост, зошто е целата драма, добога?

Тоа е она што може да го спаси нашиот поматен ум, нашите нерви кои се одамна искинати и висат како партали над секоја бандера, подготвена да не обеси, пред се заради немоќта, на која и се предадовме одамна.

За тоа време, продолжува фарсата – што се случува добога со земјава и светот, зошто сте изненадени што ме гледате тука, пред вас, се работи за мала непријатност,  не смее ли човек да биде болен?

Се работи за неоспорен факт, дека тој прележал досега непознат сој на корона вирус, како што соопшти духовитата сцена на Твитер, но, убавината на будалаштините е во тоа што откако ќе надвисне смртната постела, вирусот исчезнува ненадејно, нестварно.

За тоа време, зад него, ниту пред него, немаше никаква полиција, додека со лесен, скоро лебдечки чекор, се движеше накај Обвинителството, немаше ниту барем еден знак дека силата на државата не дозволува мајмунисувања и понижувања, но она што се заслужува, кога се живее во ваков распарчен систем е тоа- да замавнете со раката и да се помирите со тој факт.

До следниот спектакл, до следниот срам што ќе ви го донесе тој одамна трул, одамна срушен систем, на кој крајот одамна му се видел, но се трпи, којзнае зошто, којзнае навистина, до кога.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.