Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чудните патишта на ердоганистите од Македонија

0
By Биљана Секуловска on July 30, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Ова е време на страв од долгата рака на Ердоган, и не само во Турција- Ердоган чука над секоја земја посебно, а ако не му отворите, железната канџа ќе ви ја покаже силата на неговата правда.

Несомнено, Ердоган ја има поддршката на македонската Влада, затоа што, како велат- тоа е поддршка на демократски избраните институции.

Притоа македонската Влада молчи и не ги осудува ужасно загрижувачките состојби во Турција, околу  што демократскиот свет се согласува и гласно предупредува.

Теророт продолжува, судејќи според црната листа на фирми во Македонија, која ја објави новинската агенција Анадолија: основните и средните училишта „Јахја Кемал“ во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица. неделникот „Заман Македонија“,организацијата „Седеф“ која организира курсеви на турски јазик, туристичката агенција „Башак“, компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР, кои се наоѓаат во Скопје, потоа на удар се еснафот и деловните луѓе на ФЕТО кои Анадолија вели дека спроведуваат свои активности во организацијата „Здружение на бизнисмени“ (Makedonya İş Adamları Birliği – MİBA). Фондациите „Шафак“ (Şafak) и „Толеранс“ (Tolerans) се одговорни за работењето на студентските интернати во земјата, но се знае и дека организацијата има интернати во Скопје, како и во други градови низ земјата.

Како изгледа денеска Турција? Можеби најдобар опис дава Гардијан: “Воена диктатура е една од најлошите форми на влада. Но, ништо подобро не е ни избрана диктатура”.

Оттука, аналогно на поддршката на демократски избраниот Ердоган, македонската Влада дава поддршка на апсења на 18.000 луѓе, откази на околу 3.000 судии, затворање на новинари, на медиумски куќи.

Со службен декрет се затворени повеќе од 100 медиуми- телевизии, дневни весници, магазини,  издавачки куќи, дистрибутерски компании, а дел од листата се 3 новински агенции, 16 ТВ канали, 23 радио канали, 45 весници и 15 магазини.

Главното прашање- кој стои зад пучот во Турција за про-ердоганистите е затворено досие. Нивните тврдења дека ѓуленистите и движењето Фето се организатори на пучот се циментирани, но од друга страна, постојат сомневања во западните медиуми- дали воопшто ќе се дознае вистината?

Затоа што вистината единствено доаѓа откако се обезбедени услови за фер судење и независно судство, демократски пилар кој Турција не го поседува. Проблемот е надвиснат над американско-турските односи: САД се сложуваат на екстрадиција на Ѓулен, но само доколку биде изведен пред фер судење.

Но, извештаите и анализите укажуваат дека шансите Ѓулен да ужива во демократските институции на Ердоган се минимални- особено што тој поседува контрола над се што е механизам на чек и баланс, над сите институции, над цела Турција. Судството, медиумите, Парламентот, Владата, невладините, администрацијата, Универзитетите- се е предмет на чистки, хајки, лов на вештерки, прогони, апсења и терор.

Проблемот околу демократски избраниот Ердоган исто така може да се стави на маса- погледнете ги извештаите на ОБСЕ за почеток и извештаите на опозициските медиуми: критиките за медиумска пристрасност, финансирањето на кампањата на Ердоган со државни, јавни пари, поткупување на гласачкото тело, сомнителните донации, печатење на избирачки ливчиња повеќе од потребните, употреба на религиозни симболи во кампањата, фантомски гласачи, сликање на гласачки ливчиња на денот на изборите, сомнителни анкети на јавно мислење за рејтингот на Ердоган и останатите, итн.,итн.

Ердоган постојано се повикува на својот народ и поддршката која ја ужива од тој негов народ, реторика која е идентична на онаа на Груевски. Дали се демократски избрани, дали е демократска атмосферата на заплашувања, притисоци, хајки, апсења на неистомисленици, корупциски скандали? Одговорот сите го знаат, но дали молкот и понатаму ќе биде на сила?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.