Published: Monday, January 5, 2026 18:26
Ана Чупеска: Мицкоски веројатно заборава дека неговиот легитимитет не извира од партискиот комитет, туку од граѓаните на оваа држава – сите граѓани!
Владеењето на правото и политичката етика налагаат транспарентност, а не сокривање зад пропагандни памфлети. Задскривање со ступидни спинови.
Граѓаните, имено,
чекаат јасни артикулирани одговори на суштинските прашања, а не опсесивност со делувањето на опозицијата!
Треба, за почеток, да одговорите на следниве прашања:
1. Колку навистина тежи „дупката“ во буџетот што постојано ја најавувате како алиби за неработење?
2.Каде се парите од унгарскиот кредит – долгот е на грбот на граѓаните?!
3..Какви се задкулисни релации со Алта Банка и чии интереси се штитат таму?
4. Што ќе правите со дупката што ја произведовте со вашите стручњаци со ИПАРД?
Итн.Итн…
Е ова треба да одговорите, а не да се опседнувате со работи што не се во ваша надлежност.
Вие сте надлежни и одговорни да ја водите државата, не опозицијата!
Гледам дека многу “аналитички” се бавите со опозицијата, а воопшто не со државата!
Како не разбирате дека Вие, не ја водите партијата, ја водите државата (барем така тврдите)!
Спуштете се на земја, престанете со партискиот реваншизам и почнете да давате отчет.
Демократијата не е само формално преземање на власта, туку суштинска одговорност пред јавноста.
Извор: Фејсбук



