Ана Чупеска: СДСМ има решение, но, ДПМНЕ нема абер да се справи со контаминираните зони.
По 4 години неспособната локална власт на ДПМНЕ, сеуште не успеваат да решат една дива депонија што шири зараза и смрт.
Решението е во механизација за покривање на отпадот со земја и глина, компактирање и затворање на жариштата за елиминирање на кислород и влага, и систем за извлекување и согорување на метанот; секако и формирање стручен штаб со експерти за управување со отпад.
Мора службите на Град Скопје веднаш да добијат задачи за надминување на проблемот со горење на отпадот.
Не може Советот на Градот доминиран од ДПМНЕ да биде „глув и слеп” за вакво екоцидно требење на граѓаните!
Советничката група на СДСМ побарала итно свикување на седница за Вардариште, но ДПМНЕ сеуште молчи.
Извор: Фејсбук