Ана Чупеска: Истото се однесува и на барањето за национален консензус за ЕУ интеграциите на државата. Неколку пати повторуваме дека ќе дадеме поддршка на секое решение кое е реално оддржливо. За жал од Власта сè уште нема такво нешто. Напротив, тие лавираат меѓу флоскулите за „одложено дејство“ и „дополнителни гаранции“, а обете се чинат како да се со „фантомски“ статус. Ниту ги објасниле, ниту некој ги видел. Затоа Филипче, во конструктивен тон, впрочем и предложи затворена Седница, во случај да тие нивни предлози се засегнати од извесна дискретност и доверливост. Ние, значи, и по двете точки, не бараме нешто за нас лично, туку бараме, одговорно водење на државата, наместо да сведочиме за засилен од во неизвесност. Линк