Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ вечерва го затвора МФФ Киненова

0
By Blerina Tahiri on October 18, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со доделувањето на фестивалските награди и проекција на филмот „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, вечерва во Синеплекс, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 8. издание на МФФ Киненова.

Драган Бјелогрлиќ е еден од најголемите и најзначајни српски актери, режисери и продуценти и еден од најуспешните филмски создавачи низ сите простори на поранешна Југославија. Неговите три филма на кои тој се потпишува како режисер се видени од повеќе од 2,5 милиони гледачи во кино салите. Со неговите филмови тој има учествувано на повеќе од 100 меѓународни филмски фестивали. „Чувари на формулата“ неодамна победи на Интернационалниот филмски фестивал во Локарно.

Драган Бјелогрлиќ со наградата од Локарно

Филмот нè враќа во октомври 1958 година, во екот на кризата од Студената војна, група на комунистички научници од Институтот Винча Во Србија, спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложуваат на смртоносна доза на радиоактивно зрачење од ураниум, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во клиниката Кири во Париз.

Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека нивните денови се избројани. Иако професорот Мате целиот свој живот го има посветено на борбата против нуклеарното оружје и длабоко го презира проектот на кој работеле југословенските научници, тој предлага за прв пат во историјата да се спроведе деликатна и неизвесна интервенција за замена на коскената срцевина на озрачените пациенти. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или навистина сака да им помогне – станува мачно прашање за југословенските научници. Филмската сторија е базирана на вистинска приказна.

„Чуварите на формулата” е копродукција меѓу Кобра Филм и Тон Филм од Србија, Скопје Филм Студио од Македонија, Перфо Продукција од Словенија и Битер Фрејмс од Црна Гора, поддржани од националните фондови на овие земји и Еуримаж. Драган Бјелогрлиќ е и продуцент на филмот со Драган Шолак, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ, Алеш Павлин, Андреј Штритоф, Томи Салковски, Ѓорѓе Војводиќ и Дејан Чакајац.

Одлуката за фестивалските наградите ќе ја донесе меѓународното жири во состав: Леј Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски, а дизајнер на наградите е Димитар Филиповски.

Изминативе денови публиката можеше да погледне осум долгометражни и 18 кратки филмови, но и да ужива во богатата понуда на полски филмови од партнерскиот фестивал „Висла“, земјата во фокус- Кипар, како и работилницата за професионално менторство на филмските сценарија на македонските и европските филмски автори од страна на потврдениот и признат европски сценарист, режисер, директор на фотографија и продуцент Лех Мајевски.

Преземено: Рацин.мк

„Чувари на формулата“ Драган Бјелогрлиќ филмски фестивал Киненова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.